Лабораторија на меѓусебно разбирање. Искуси кој сум јас!!

„Младите можат“, во партнерство со Корона Фондација од Романија, го имплементираа проектот „Лабораторија на меѓусебно разбирање. Искуси кој сум јас!“. Проектот беше финансиран преку Инструментот за претпристапна помош (The Instrument for Pre-Accession Assistance- IPA), Национална Програма за помош при транзиција и институционално градење 2009, управувана од Централно финансирање и склучување на договори, во рамките на Министерство за финансии во Република Македонија. Проектот започна на 22 декември 2013 година и траеше 12 месеци. Целта на проектот беше да се подигне нивото на свесност кај младите во Македонија за почитување на правата на етничките малцинства. Беа вклучени 20 младински работници, од различни невладени организации од Македонија, како „Малцински поддржувачи“.

Главните активности на проектот се состоеја од организирање на еден петдневен тренинг за правата на етничките малцинста, имплементирање на кампањи во училишта од страна на „Малцинските поддржувачи“ и организирање на натпревар за училиштата.

Проектот целеше кон поттикнување на младите луѓе да заземат став во однос на етничката дискриминација и да се борат за нејзино искоренување од Македонското општество.