Покана за регионални тркалезни маси: “Потребите на младите на локално ниво”

Poster-OSCE - Kav&BitЌе ни претставува големо задоволство да Ве поканиме на четвртата и петтата тркалезна маса кои ќе се одржат на:

  • 23 ноемви во Кавадарци, 10:00 часот Фени
  • 24 ноември во Битола, 10:00 часот, х. Милениум Палас.

Целта на тркалезните маси е да им се даде можност на младите како и останатите чинители во младинскиот сектор да го кажат своето мислење и да ги идентификуваат потребите и предизвиците со кои се соочуваат младите во нивната локална заедница.

Како претставици на тркалезните маси ќе присуствуваат членови на младински организации, подмладоци на политички партии, локалната самоуправа и индивидуалци.

 

Дополнително на тркалезната маса ќе биде промовирана публикацијата Have your say на Советот на Европа, комплетно преведена на македонски јазик.

Заклучоците и препораките од сите тркалезни маси ќе бидат споделени со сите релевантни чинители кои работат на полето на младите во Македонија.

На тркалезната маса ќе присуствуваат претставници од следните градови во регионот: Битола, Прилеп, Ресен и околните населени места. Организаторите ќе ги покријат патните трошоци во висина на повратен автобуски билет.

Ве молиме најавете го вашето присуство на [email protected] (072/237-070) и [email protected] (070/ 238-856)

Тркалезните маси се организирани “Младите можат” и Мисијата на ОБСЕ во Скопје за детектирање на потребите на младите на локално ниво во 8 региони, во периодот од ноември-декември 2015.