ПОКАНА ЗА РЕГИОНАЛНИ ТРКАЛЕЗНИ МАСИ “Потребите на младите на локално ниво”

Poster-OSCE-StrumicaМисијата на ОБСЕ во Скопје и ЗГ Младите можат” ќе организираат 8 тркалезни маси ширум земјава за потребите на младите на локално ниво во 8 региони, во периодот од ноември-декември 2015.

Целта на тркалезните маси е да им се даде можност на младите како и останатите чинители во младинскиот сектор да го кажат своето мислење и да ги идентификуваат потребите и предизвиците со кои се соочуваат младите во нивната локална заедница.

Ќе ни претставува големо задоволство да Ве поканиме на седмата тркалезна маса која ќе се одржи на 3 декември во Струмица, 10:00 часот, х. Сириус.

Како претставици на тркалезните маси ќе присуствуваат членови на младински организации, подмладоци на политички партии, локалната самоуправа и индивидуалци.

Дополнително на тркалезната маса ќе биде промовирана публикацијата “Have your say” на Советот на Европа, комплетно преведена на македонски јазик.

Заклучоците и препораките од сите тркалезни маси ќе бидат споделени со сите релевантни чинители кои работат на полето на младите во Македонија.

На тркалезната маса ќе присуствуваат претставници од следните градови во регионот: Струмица, Радовиш, Валандово, Гевгелија и околните населени места. Организаторите ќе ги покријат патните трошоци во висина на повратен автобуски билет.

Ве молиме најавете го вашето присуство на [email protected] (072/237-070) и [email protected] (070/ 238-856)

Агендата за настанот можете да ја најдете на следниов линк.