OLE2010

Младите Можат како член на FLARE мрежата беше присутна на интернационалниот форум против организиран криминал – “Otranto Legality Experience“ која се одржа на 29 август – 3 септември во Оторанто, Италија. OLE 2010 е првото издание на интернационалниот форум за “Нелегална економија, организиран криминал и финансиска глобализација” кој има за цел да стане референтна точка во Европа за улогата на граѓанските здруженија во модерниот свет и во борбата против организираниот криминал.

200 учесници од целиот свет учествуваа на OLE 2010 меѓу кои и Виктор Милошевски кој ја претствавуваше Младите Можат. Програмата понуди предавања и семинари од истакнати екстперти во областа, како и активно учество во интерактивните работилници во попладневните часови. Исто така беа организирани и студиски посети со патувања до конфискувани имоти и дебати во вечерните часови со цел да се даде практичен увид во социјалната борба против мафијата.

Покрај одличната содржина и продуктивните денови, учесниците имаа шанса да се дружат и забавуваат во вечерните часови на организираните забави и концерти  низ градот Оторанто.