Обука заподигнување на свеста за појавата на психо-физичко насилство помеѓу средношколците.

Print

Група млади лидери, во рамките на иницијативата „Крени глас за промена, спушти рака за насилство“, имплементирана од Здружението на граѓани „Младите можат“ од Скопје и Здружението за граѓански активизам „ФОРУМ 16“ од Битола, ве покануваат да учествувате на еднодневна обукa за подигнување на свеста кај средношколците за појавата на психо-физичко насилство помеѓу средношколците.

Обуката е наменета за сите мотивирани и заинтересирани средношколци со ентузијазам за промена на моменталната состојба во нивното училиште. Обуката ќе се одржи на 10.03.2016 во Скопје.

За време на обуката учесниците ќе имаат можност да споделуваат мислења и искуства, да се запознаат со причините и последиците од психо- физичкото насилство во училиштата и заеднички да генерираат идеи за намалување на степенот на насилство.

По обуката, сите учесници ќе имаат можност да го пренесат стекнатото знаење со своите соученици, преку спроведување на кратки презентации.

Сите заинтересирани можат да аплицираат за учество на обуката најдоцна до 07.03.2016 до 23:59, со пополнување на апликациската форма која се наоѓа на следниов линк.

Патните трошоци за учесниците надвор од Скопје ќе бидат надоместени.

 

Оваа активност е дел од проектот „Младинска информираност“ на Националниот младински совет на Македонија, поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско општество, кој го спроведува Фондацијата Отворено општество – Македонија

фо

ус