Тимот Umbra од активното членство на Младите можат продолжува со одржување на инфо сесиите за ‘job shadowing’. На 22.04 2019, се одржаa 4 инфо сесии во следниве средни училишта:  “СОУ Георги Димитров”, “СОУ Јосип Броз – Тито” и “СОУ Гимназија Раде Јовчески – Корчагин”. За време на сесиите се дискутираше за концептот на “job shadowing” во склоп на темата за кариерна ориентација во која учениците покажаа голем интерес и веднаш ја сфатиле суштината и ефикасноста на “job shadowing”.

Заклучоците од самите сесии беа дека овој метод може многу да им помогне во иднина за градење на нивната кариера и дека може многу да се развие конкретно кај нас.

Тимот за кариерно насочување од Младите Можат беа многу задоволни од богатата дискусија што ја водеа со учениците од средните училишта, како и од самата заинтересираност што ја покажаа. Иако сите сесии беа навистина успешни, сепак најмногу заинтересираност сесиите произлезе од учениците од Корчагин кои навистина се покажаа како големи ентузијасти желни за почеток на имплементирање на методот job shadowing.