fbpx

Мотивациски викенд

Целта на Мотивациски викенд е поттикнување на младите луѓе да работат на себе, на приватен и професионален план, да се запознаат со неформалното образование и неговите придобивки, да се стекнат со вештини што му се потребни на секој млад човек.

Па така на настанот, успешни млади луѓе ги споделуваат своите инспиративни приказни и тајните на нивниот успех, а учесниците се инспирираат да го преземат првиот чекор до остварување на сопствениот сон.  Покрај тоа, настанот опфаќа и работилници на кои искусни обучувачи и тренери го пренесуваат нивното знаење, го доближуваат неформалното образование до младите и им нудат нови знаења и вештини што секој млад човек треба да ги поседува за личен и професионален развој.

Младите можат е непрофитна и независна граѓанска организација која има за цел да ги поттикне младите да земат активно учество во развојот на демократско општество, преку активно граѓанство и социјален активизам.

Организацијата е основана од страна на младите луѓе, водена од идејата за моќта на младите како катализатори на промени во денешното општество.

Социјални мрежи
Последни проекти