Во животот секој од нас го очекува оној ден кога работите ќе тргнат на подобро.
Денот кога ќе бидеме посреќни, поуспешни, побогати, посакани, денот кога и ние повеќе ќе сакаме некого…

Секој од нас го очекува тој ден кој е задскриен зад прозорецот на иднината, во мислите го гледаме, ни изгледа толку многу блиску, но кога ќе ги отвориме очите, кога ќе се вратиме во реалноста тој ден ни е толку даллечен, како невидлива точка.
Убаво е да се мечтае, да се сонува, прекрасно е да имаме многу желби и неколку планови за иднината.

Но од искуство Ви кажувам дека уште поубаво е да се живее во сегашниот момент, извонредно е на вистински начин да се биде тука и сега…
Затоа од сѐ срце Ви посакувам и Вие да си донесете одлука да го живеете со уживање секој миг, не знам дали постои поубаво нешто од исполнета, среќна сегашност.

Во оваа видео Ви раскажуваме една приказна која можеби ќе Ве мотивира да си дадете одговор на сопствените прашања и на свој начин да донесете одлука да ја живеете сегашноста.
Во оваа Видео Ви раскажуваме приказна за проект кој може да ја промени вашата реалност.
Ве оставаме да го погледнете нашето скромно видео и да уживате…