Младите Можат во соработка со Lucca Leadership Macedonia

Lucca Leadership Macedonia е глобална хуманитарна организација која обезбедува обука за сите оние кои сакаат да иницираат позитивна промена во светот. Обуката го подготвува луѓето да се активираат и да водат одржлива промена која го менува светот околу нив. Ова се постигнува преку водење на динамични курсеви во областа на трансформациско лидерство.

Lucca Leadership e регистрирана како добротворна организација на Велика Британија и држи курсеви во повеќе земји како: Велика Британија, Ирска, Австралија, Северна Америка, и Јужна Африка.

На иницијатива на неколку млади луѓе LLM беше основана и во Македонија (http://www.luccaleadership.org/macedonia). Од самиот почеток Младите Можат соработуваа со LLM и учествуваа во реализација на нивни два проекти “Leadership in Action Weekends” и “Keep-it-going” http://keep-it-going.org.

При крајот на 2010 Младите Можат ги поканија LLM заедно да имплементираат работилница за запознавање со Транформациското Лидерство, каде 18 млади луѓе активно завземаа учество. Ова беше можност за членовите на Младите Можат да видат што Lucca Leadership Macedonia може да им понуди.

Затоа, благодарение на нашата одлична соработка, многу од членовите ќе имаат шанса да се приклучат во идните лидерски програми и проекти на LLM.