Младите можат со два свои члена во телата на Национален младински совет на Македонија

10378918_10153227206307839_2361885211235137384_nНа Генералното собрание, кое се одржа од 26 до 28 јуни, во хотел Солферино, Струга, мандат за членови во телата на Национален младински совет на Македонија (НМСМ), меѓу останатите, добија и два члена на Младите можат.

Меѓу новоизбраните членови на Управен одбор на НМСМ се најде и Иван Јованов, кој е воедно и Претседател на Младите можат, заедно со Дамјан Николовски (AEGEE), кој воедно беше избран и за Претседател на НМСМ, Јане Плавевски (СИМ), воедно и новоизбран Потпретседател на НМСМ, како и Сибел Бајрам (СУМНАЛ), Александра Живковиќ (МОФ), Арлинда Мазлами Илјази (Мултикултура) и Симона Сарделиќ (МОДОМ).

На ова собранието за прв пат беа избрани членовите на Надзорниот одбор и тоа: Ивана Давидовска (ЦИД), Соња Николовска (ЛиДеМ), Дона Џамбаска (Фондација Метаморфозис), Мартина Блажевска (ОММ) и Весна Илиевска (КриејтивЕјт). Преку презентација и дополнување со амандмани предложени од делегатите на собранието, на ова собрание беше доработен и усвоен и деловникот за работа на телото.

Исто така, меѓу кандидатите за членови на Комисија за верификација на членство, се најде и Стефан Александар Јовановски, член на Извршен одбор на Младите можат, кој се здоби со мандат за член на Комисијата во период од две години. Покрај него, за членови на Комисијата за верификација на членство беа избрани и Стефан Маневски (ЦИД) и Антонио Даниловски (МОФ).

На ова собрание, кон НМСМ се приклучија и три нови организации членки, КХАМ Делчево, Романо Авази и Центар за младински активизам КРИК, со што НМСМ, како најголемо претставничко тело на младите во Република Македонија, сега брои 60 организации членки.

На овогодинешното Генерално собрание на Национален младински совет на Македонија, Собранието го сочинуваа делегати од 40 организации членки кои преку своето активно вклучување во дискусиите и со давање на својот глас, придонесоа ова собрание да биде успешно и да ја оствари целта за неговото свикување. Претставник, односно делегат на Младите можат на овогодинешното собрание беше Илија Станковски, член на Извршен одбор на Младите можат, кој во целост ги застапуваше ставовите на организацијата.

Имено, НМСМ беше формирана во 2013 година со цел да ги претставува интересите и потребите на младите луѓе, да претставува врска со сите чинители и да обезбеди вклучување и активно учество на младите во процесот на донесување одлуки на секое ниво.