Младите лидери создаваат позитивни промени во општеството Настан: Направи промена

DSC_3693Сметајќи дека подобро општество може да се создаде само ако на секоја индивидуа и се даде простор во општеството на кој ќе може максимално да ги искаже своите способности и знаења, но истовремено и водени од визијата на „Младите можат” група на млади лица на 21 јуни (недела) во Скопје Сити Мол организираа  двочасовен настан кој имаше за цел да ја подигне свеста кај луѓето за постоењето на лицата со пречки во интелектуалниот развој, но истовремено и да ја потенцира потребата од вклучувањето на оваа категорија на лица во општеството.

На настанот лица со најразлична попреченост имаа можност да го покажат својот талент, своите способности и знаења и уште еднаш да покажат и докажат дека и покрај попреченоста тие можат да бидат еднакви граѓани. На овој настан настапија: Александар Матовски – Цако, Марија Савевска, Олгица Ѓоргиева, Зумба, Марга Велеска, Beatrix, а настанот го затвори Бени Шаќири кој уште еднаш ја покажа својата хумана страна и несебичност во поддршката на иницијативите од овој тип.

DSC_3620 DSC_3707 DSC_3597

Исто така настанот имаше и хуманитарен карактер каде што на штандовите на Центарот за Даунов Синдром, Трисомија 21, Здружение за лица со посебни потреби и Завод за рехабилитација на деца и младинци беа изложени рачно изработени предмети од страна на лицата со пречки во интелектуалниот развој, а сите средства од нивната продажба беа наменети за добротворни цели.

DSC_3595

Самата иницијатива произлезе од проектот насловен „Младински лидерски иницијативи“, имплементиран од страна на „Младите можат” во кој се вклучени 20 млади помеѓу 17 и 22 години.

„Младите можат” и во иднина ќе продолжи да го поттикнува младинскиот активизам, да инспирира и создава млади кои несебично ќе придонесуваат кон создавање на подобро општество.