polska

МЛАДИНСКИ ТРЕНИНГ: “Social Map” – Вроцлав, Полска (7-15 август 2013)

polska

 

Младите можат беа партнери со полската организација Wroclaw Youth Club на тренинг кој се одржа во периодот од 13 до 21 јули, во Szklarska Poreba, Полска. Двајца членови на Младите можат, заедно со учесници од уште 12 земји, учествуваа на овој тренинг со наслов „Social Map of our local surroundings at the beginning – Europe at the end“.

 

Искусен маркетинг менаџер од една од најголемите полскиpolska1 дистрибутивни компании, заедно со одличен обучувач со долгогодишно искуство во граѓанскиот сектор ги водеа учесниците низ теми како, маркетинг и брендинг, односи со јавноста, бизнис менаџмент, активно граѓанство за тие да можат да креираат општествена мапа која би им помогнала во остварување на подобри резултати во нивната работа.

Покрај проширување на нивното знаење на овие теми, учесниците имаа можност и за многу дружење, презентирање на својата држава и култура на интернационалната вечер, презентирање на организацијата на НВО саемот, прошетки низ преубавите планински предели на југозападна Полска, посета на градот Вроцлав и многу други интересни активности.

polska2