tirana

МЛАДИНСКИ ТРЕНИНГ: “Active citizens today – ACT” – Тирана, Албанија (22-30 септември 2013)

tirana“Active Citizens, Today- ACT” беше насловот на тренингот кој се одржа во Тирана, Албанија од 22 до 30 септември 2013. На него учествуваа 30 млади луѓе од 8 земји (Бугарија, Словенија, Шпанија, Литванија, Србија, Турција, Македонија, Косово и Албанија). Тренингот беше во траење од 7 дена и имаше за цел да ја зголеми свеста за Европското граѓанство, и неговото значење и перцепција во различни земји.tirana1

Темите на тренингот се фокусираа на: Европа и европското граѓанство; што е Европа?; историја на европското граѓанство итн. Преку интерактивни работилници учесниците добија можност да дискутираат и истражат главните принципи на европското граѓанство. Исто така неформалниот дел опфати и запознавање со Албанската култура преку посета на Тирана, Драч и Круја.

Младите треба да учествуваа на вакви активности бидејќи се стекнуваа со искуство во неформално образование кое само овие настани го нудат – Марија Димулкова, учесник на тренингот.