Младинска Размена „Креативна младина=Активна младина“.

1291293_10203081476931637_1167438639_n-466x350Во периодотод 05-14 мај, во градот Лесковац, во Србија, се одржа меѓународна младинска размена „Креативна младина=Активна младина“.

На размената учествуваа 42 млади луѓе од 6 земји: Србија, Македонија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Романија и Унгарија.

Целта на размената беше да им се помогне на младите невработени луѓе од овие земји да откријат повеќе начини за активно учество во периодот на невработеност, да ги споделат своите искуства со другите учесници и да ја подигнат свеста за потребните вештини и знаења со кои може да се здобијат во периодот на барање работа.

За време на размената учесниците имаа можност да одржат презентации за ситуацијата со невработеноста во нивните земји и да дискутираат за мерките кои се преземаат за намалување на невработеноста кај младите.

Младите имаа можност да се запознаат со претставници од локалната компанија „Здравје Актавис“ и веб-порталот „Лесковачки вести“, да ги слушнат нивните презентации за нивното лично професионално 10437251_10203081476851635_618055332_n-500x332искуство, да научат и дискутираат за начини на градење личен бренд користејќи го интернетот, социјалните мрежи и секоја достапна социјална и едукативна алатка која им стои на располагање, сè со цел да станат повидливи на пазарот на трудот.  Во склоп на овие презентации беше и темата за претприемништво како еден начин на справување со невработеноста, по која следуваа прашања од учесниците и работилници, со цел да се примени стекнатото знаење.

Исто така, беше организиран и курс по фотографија во соработка со Лесковачкиот фото клуб. Целта на курсот беше учесниците да се здобијат со основни познавања за фотографијата и да научат како може да се искористи фотографијата за маркетинг. По курсот, секој учесник имаше за задача да направи своја фотографија на тема „Целта на младите“ (Point of YOUth). Сите фотографии беа изложени во Лесковачкиот културен центар, а најдобрите фотографии беа наградени.

10425586_10203081476811634_871555007_n-466x350Покрај изложбата, учесниците имаа можност да ги презентираат своите компании, кои настанаа како резултат на активностите во текот на размената. Учесниците беа поделени во 7 групи, од кои секоја требаше да основа своја компанија, да ја дефинира својата мисија и визија и да понуди производ или услуга на пазарот. Секоја група имаше 2 минути да се претстави, а потоа следуваше симулација на купување акции од компаниите и прашања од присутните гости.

Покрај овие работилници и активности, учесниците ги посетија Народниот музеј и Хисарот, како дел од најзначајните знаменитости во Лесковац. Исто така, беа во посета и на Младинскиот клуб, каде што имаа можност да се запознаат со членовите и нивните активности и досегашни и идни проекти.

Распоредот на активности беше следниот:

–           Презентација за младинска невработеност од секоја земја-учесник

–           Презентација на тема: Индустриска револуција и причини за невработеност

–           Курс по фотографија (Александар Стаменковиќ, Фото клуб – Лесковац)

–           Работилница: Perfect Employee; потребни и соодветни вештини за одредено работно место (Иван Кулиќ, Здравје Актавис – Експерт од областа на човечки ресурси)

–           Презентација: Младинско претприемништво (Илија Стојановиќ, Извршен директор AKADEMEIA)

–           Работа во групи – симулација на компании, дефинирање на производ/услуга, мисија и визија на компанијата, маркетинг, промоција

–           Презентација на компаниите и импровизација на берза

–           Изложба на фотографии во Лесковачкиот културен центар

–           Организирана посета на знаменитости во Лесковац

–           Посета на Младинскиот клуб во Лесковац, презентација за нивните активности и проекти

–           Културна вечер на секоја земја, презентации за нивните култура, традиција, знаменитости.

Покрај сите овие активности, знаењето и искуството со кое се здобија учесниците, неизбежно е да се спомене забавниот дел од размената, забавите, дружењето, новите пријателства и спомените.

10439520_10203081476891636_849655835_n-466x350 10443859_10203081476771633_1449208947_n-466x350