10360188_10152693664214191_10515687897523792_n-466x350

Младинска размена во Краиова, Романија

О10850737_10205057121769034_1727758583_n-500x281ваа есен, во периодот од 17ти до 29ти ноември, заедно со уште 6 други членови на Младите можат, учествував во младинска размена во рамки на Еразмус+ програмата во Краиова, Романија. Темата на оваа размена беше „мултикултурализам“ и во оние 12 дена поминати таму, вистински го почувствувавме значењето на тој поим. На тренингот имаше учесници од Шпанија, Романија, Турција, Албанија, Чешка и Македонија. Како што можете да забележите, имаше 6 различни земји со 6 различни култури и менталитети. Како и да е, клучно беше што сите бевме млади, ги познававме заедничките интереси на младите како добра забава и најважно, разбирање меѓу себе. Искрено, јас воопшто немав проблем да се прилагодам на сите тие различности а верувам дека и никој од останатите учесници не се соочи со ваков проблем.

 

Позитивно сум изненадена од дневните предавања, кои беа навистина интересни и едукативни. Понекогаш, работите што ги учевме во текот на денот, беа видливи навечер, на културните вечери. Една од применливите и приметени игри во пракса, беше „играта на улоги“. Се поделивме по групи, секоја група сочинета од учесници од различни земји и ни беше дозволена да говориме само на нашиот мајчин јазик. Звучи интересно, но исто така беше и тешко. Оваа „игра на улоги“ обично ја игравме за време на културните вечери, каде музиката беше гласна и беше овозможено да се разбереш со соговорникот само преку мимики и гестикулации.10360188_10152693664214191_10515687897523792_n-466x350

Оваа размена беше супер искуство за мене. Дефинитивно не застанувам тука и ќе аплицирам и на други, а сите оние кои досега не биле на ниедна младинска размена или тренинг, ги охрабрувам да го сторат тоа бидејќи не само што запознаваш нови луѓе, култури, не само што се забавуваш, туку и стануваш послободоумен и исполнуваш некои сопствени цели за личен развој.

Автор: Мери Бакалова, член на Младите можат