Младинска размена „Вистинска приказна“

Во периодот од 22 до 30 август 2010 година, ЗГ Младите можат, Младинскиот Образовен Форум и невладина организација од Чешка ја организираа младинската размена „Вистинска приказна“, која се одржа во Струга, Македонија. Триесет млади на возраст од 14 до 25 години имаа можност да се запознаат подобро преку неформално образование.

Претставници на Младите можат беа Виктор Милошевски, како тим лидер и Викторија Крстевска, Стефан Христов, Александар Петрушовски и Сања Рајевска како членови. Оваа младинска размена која донесе група млади од Македонија и Чешка на едно место беше со цел културна размена за подобро разбирање на своите култури. Учесниците работеа на разни задачи во текот на денот а ноќта беше исполнета со забави и социјализацијата беше застапена во текот на целиот ден.

Оваа размена преку промоција на младинска мобилност цели кон активна социјализација на младите, користејќи ги алатките на неформалното образование, превземање на иницијатива за спроведување на идеја поврзана со креативно изразување со цел допринос за позитивен социјален развој.

Во склоп на оваа младинска размена, нашата организација вклучи ранлива група на млади (девојки кои доаѓаат од семејства со историја на семејно насилство). Сметаме дека е особено важно овие деца да добијат шанса преку разни методи да го пребродат тој дел од нивниот живот, да го согледаат својот капацитет, потенцијал и можности. Со оваа културна размена, допринесовме за промена на секојдневниот живот на децата жртви на семејно насилство, кои имаат потреба од активно асистирање во социјализацијата од таков вид. За таа цел нашиот и тимот на MWRC-Shelter Centre, ги разгледа и можностите за понатамошна соработка со цел вклучување на оваа млада ранлива популација во механизмите за самоиницијативност и позитивен персонален развој.