movingon

МЛАДИНСКА РАЗМЕНА: “Moving on: OUR PERFECT JOB IN THE BALKANS” – Крајова, Романија (25 февруари – 7 март 2013)

На младинската размена, во рамките на програмата “Млади во акција” која се одржа во Крајова, Романија во периодот од 25. февруари до 7. март, Младите можат како партнер на оваа размена, имаше можност да учествува со вкупно седум свои членови: Горјан Славковски (тим лидер), Стефан Јовановски, Елена Ефремова, Стефанија Зип, Петар Анѓелов, Елена Димоска и Климент Петкуќески. Освен учесници од Македонија, учество земаа и три други НВО од Бугарија, Србија и Романија

Главната тема на оваа размена беше младинската невработеност. Преку најразлични интерактивни форми на едукации, беше промовирано социјалното претприемништво како одржлива алатка, кариерна ориентација, зголемување на свеста за важноста на волонтерската работа и прифаќање на културните разлики.  Освен многуте дискусии за осликување на реалните состојби и проблеми во земјите учеснички на оваа размена, како и нивно решавање, учесниците имаа можност да се стекнат со искуство од врвни менаџери на светски познат брендови. Исто така, уесниците, покрај исполнување на агендата на оваа размена се запознаа со културното и природно богатство на Романија, како и културата на секоја од земјите учеснички.