Make a change: Be a VOLUNTEER! Vol. 3

Untitled-1sss copyПоради вербата во волонтерството, како алатка за поттикнување на општествени промени и личен развој, Младите можат, по трет пат ви го најавуваат проектот „Make a change: Be a VOLUNTEER! Vol. 3”.

Целта на проектот е јакнење на заедницата преку вклучување на млади луѓе во процесот на волонтирање. Претходните искуства со овој проект ни ја покажаа потребата од поголема вклученост на младите во волонтерски активности, а тоа е главната мотивација по трет  пат да ги поканиме младите да земат учество во проектот и преку серија обуки да научат за концептот на волонтирањето, да научат повеќе за тоа што е лидерство и тимска работа, да се стекнат со вештини за работа во тим за потоа тие самите, поделени во тимови, да иницираат промени во својата заедница. Нормално, во целиот тој процес Младите можат ќе бидат тие кои ќе бидат тука да ви помогнат, да ве поддржат и да го споделат своето искуство со вас.

Повикот е наменет за сите средношколци и студенти на возраст од 16 до 22 години, кои имаат мало искуство или воопшто немаат искуство во граѓански сектор и во спроведување на волонтерски акции.

Доколку си заинтересиран, пополни ја апликациската форма, која можеш да ја најдеш на следниов линк.

Рокот за аплицирање е 24.11.2015 до 23:59 часот. Затоа не губи време и испрати ја твојата апликација уште денес!

Еве што те очекува, доколку се пријавиш:

  • Прв модул: „Волонтерство и личен развој” 28 – 29 ноември
  • Втор модул: „Тимска работа и тимбилдинг вештини“ 12 – 13 декември
  • Трет модул: „Детектирање проблеми и планирање на иницијативи“ 19 – 20 декември
  • Четврти модул: „Имплементирање на волонтерски иницијативи “декември – март 2016

Успехот се чини дека е поврзан со акција, па затоа пријави се и подготви се за акција која позитивно ќе влијае на твојата заедница. Направи промена, биди волонтер!