Make a change

Make a change: Be a VOLUNTEER! Vol. 2

Младите можат и оваа година, по втор пат, го реализира проектот „Make a change: Be a VOLUNTEER! Vol. 2”.

Целта на овој проект е јакнење на развојот на заедницата преку вклучување на што повеќе млади луѓе во процесот на волонтирање.

Преку серија обуки учесниците имаа можност да научат за концептот на волонтирањето, да научат повеќе за тоа што е лидерство и тимска работа, да се стекнат со вештини за работа во тим за потоа тие самите, поделени во тимови, да иницираат промени во својата заедница.

По завршувањето на обуките, учесниците се поделија во три тима, секој насочен кон имплементирање на сопствена иницијатива, директно влијаејќи на изворот на проблемите кои тие самостојно ги детектираа за време на обуките.