vday

Како да го сопреме насилството? V-day во соработка со Младите можат нуди решение…

Насилство, колку често мислиме за него? Дали е толку многу навлезено во нашите глави што автоматски го игнорираме?

Многумина од нас се жртви на насилството но ние сме или несвесни за тоа или избираме да не направи ништо….бидејќи нас не не засега, нели?

НЕ! Нас не засега! Бидејќи еден ден ти можеш да бидеш следната жртва и дури тогаш ќе почнеш да цениш кога некој ќе ти помогне.

Со ова на ум, V-day во соработка со Младите можат во февруари 2011, организираше работилница која ја подигна свеста кај младите луѓе за тоа што претставува насилството и како да научат да се заштит себеси од насилство, како да препознаат насилство и што да прават во случај на насилство.