1-21-270x365

Интервју со Лазар Ѓуров – еден од основачите на Младите можат

1. Од каде произлезе идејата за основање на Младите можат?

1-21-270x365Ееее…
(Ова развлечено „ееее“ читајте го како привична реакција на задоволство, како кога ќе прашате некој чичко во поодминати години за старите и добри времиња) :)
Шега на страна, идејата за формирање на Младите МОЖАТ, како и секоја идеја која успеала да „фати здрав корен“ дојде како заедничка реакција на една група на прекрасни (тогаш помлади) луѓе кои не се согласуваа со начинот на кој функционираа младинските невладини организации во тоа време. Секој од нас имаше различни искуства од членувањето во различни организации кои воглавно ни беа помалку или повеќе разочарувачки. Незадоволството произлегуваше од преголемиот фокус кон проекти и финансии а губење на суштината за постоењето на организацијата, потоа поради наметнување на личните недоразбирања над организацискиот интерес, преголем фокус кон лична промоција, задоволување на лични кариерни цели, одлучување во затворени кругови без вклучување на членството и сл. Како вчера се сеќавам (и ова беше како да ви збори некој стар чичко :)) на еден заеднички разговор со Нина (Павловска), еден сончев ден, седнати на масите надвор во кафулето пред Спортскиот центар ФОРЦА. И двајцата до тогаш бевме инволирани во активности на неколку организации и тој ден разговаравме колку работи не ни се допаѓаат и колку посакуваме да биде различно. Така се отвори една дилема – Вреди ли да се трудиш да промениш нешто во веќе постоечка организација која веќе има свој начин на работа и избрани раководни лица и тела? Практично освестивме дека било какви добронамерни обиди за креирање на промена, всушност создаваат конфликти и перцепција дека ти се бориш за позиција а не за принципи и поинаков начин на функционирање. И низ разговорот дојдовме да јасен и недвосмислен заклучок, дека ние всушност треба да почнеме нешто ново, нешто што ќе се формира со нова енергија, со чиста и јасна идеја и визија, нешто што ќе биде поставено на здрави темели. За мене тој разговор беше моментот кога Младите МОЖАТ од внатрешно чувство на незадоволство од моменталната реалност се претвори во план за креирање на организација која ќе биде се само не она поради што истата се формира.

Знаете, има моменти кога ви е потполно јасно дека ја донесувате вистинската одлука. Тоа беше еден од тие моменти. Веднаш потоа, направивме листа на луѓе кои се „заразени“ со истиот „вирус“.

Многу брзо групата на основачи се собра. Оливер Ѓориќ, Мартин Гавриловиќ, Роска Врговска, Димитар Луневски – Чипо, Бојана Стојменовска, Дејан Докузовски, Нина Павловска (која после основањето долго време успешно ја водеше организацијата) и јас бевме луѓето кои ги реализираат подготовките и формално ја основавме Младите МОЖАТ. И тогаш и сега, знам дека ова се луѓе кои ја живеат идејата за вистински промени во нашето општество. Дел од нив можеби не се повеќе активни во Младите МОЖАТ, но без да проверам знам дека тие дејствуваат за позитивна промена во општеството, тоа се луѓе кои ги сакаат младите, веруваат во нив и ја користат секоја прилика да го помогнат нивните развој и да предизвикаат позитивна промена! Во оваа група морам да спомнам и други членови на претходни и сегашни извршни и контролни одбори, како и активни членови на организицијата. Луѓето без кои Младите МОЖАТ немаше да порасне и да стане тоа што е денес несомнено се Жане Касаповска, Ирина Јаневска, Ивана Стефанова, Миралем Јукиќ, Сихан Саитов, Дениз Османи, Орхан Асан, Ана Пискачева, Софија Цали,  Ѓорѓе Жариќ, Игор Јордановски, Горан Папаз, Славица Папазовска…и уште многу луѓе за чии имиња во моментот не може да се сетам.

 

2. На кого му текна идејата за името?

Гордо :) можам да истакнам дека кумот на Младите МОЖАТ сум јас! :)
Уште од самиот почеток, низ потполно демократска процедура, сите основачи доставивме предлози за JPEG-Image-2857799-300x225можните имиња на новата организација. Имаше доста предлози. Од такви кои и даваа посериозен карактер на организацијата (пример институт, коалиција и сл) до предлози кои беа чисто идеја за креативно име. Мислам дека пресудно беше тоа што овој предлог во целост ја отсликуваше причината за организацијата. Како восклик кон реалноста која не опкружуваше…ЛУЃЕ МЛАДИТЕ МОЖАТ!!! Верувајте во тоа. Ние ќе ви докажеме дека ова е вистина! Додека го пишувам ова, во мене се буди истата силна енергија и ентузијазам со кој ја основавме оваа наша прекрасна организација.

 

3. Колку години беше активен член на ММ и дали денес учествуваш на состаноците или си дел од некој проект?

Од основањето до пред отприлика 2 години (ако не се лажам) бев потпреседател на организацијата а потоа и член на Извршниот одбор. Во моментот не сум дел од некоја активност, бидејќи сум зафатен со професионални обврски, но се трудам повремено да бидам дел од некои планирачки состаноци. Годишните собранија никогаш не ги испуштам бидејќи на нив секој формален член би требало да присуствува за да може да се информира за се што се правело во претходната година а и да учествува во креирањето на тимот и плановите за следната година.
JPEG-Image-2865926-300x199Воедно, имав прилика да бидам дел од обучувачите во проектот “Emplo-Youth-Ability” за подобрување на капацитетите за вработување на младите членови на нашата организацијата, кој сметам дека беше фантастичен проект и би било супер доколку актуелното раководство на организацијата успее да обезбеди средства за овој тип на активности течат во континуитет.
Конечно, еве пред некој ден договоривме да одржам обука за Извршниот одбор на тема Мотивација. Што покажува дека иако не сум целосно вклучен во се, Младите МОЖАТ е повремено дел од моите активности.

 

4. Што работиш денес ?

Откако ги завршив моите докторски студии на Економскиот факултет на УКИМ во областа на организациските науки и манаџмент во научното поле Лидерството и личниот и организацискиот развој, јас сега работам како универзитетски професор на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ Скопје, придружна членка на Универзитетот „Гоце Делчев“ Штип. Вклучен сум во наставата на младите питомци, идни офицери на нашата армија. Покрај тоа, во рамките на Инситутот за индивидуален и организациски развој СИМБИОТИКА континуирано реализирам обуки за личен и организациски развој. Тука морам да напоменам дека голем дел од вештините, знаењето и способностите кои ми помогнале да стигнам до тоа што сум денес, сум ги стекнал или ми се започнале процеси за себе развој токму преку активности во невладинито сектор од кој наголема улога има токму Младите МОЖАТ. Моето раководење со организациајта, како потпреседател, во еден период кога Нина (која беше претседател) беше отсутна од Македонија, ми помогна да научам многу за тимската работа, за практичната примена на лидерството и менаџментот, за личниот развој на себе и другите…тоа се драгоцени искуства кои не можат да се добијат на ниту едно друго место. Тука имаш луѓе со иста идеја и ти како лидер на тимот, работиш заеднички да постигнете одредена цел. Изгледа едноставно, но кој не пробал тој не знае колку е тоа комплексно и сложено. Но, на крајот ќе сфатиш дека вредело!. Затоа ги охрабрувам сите сегачни членови на ММ да се пријавуваат, да бидат активни, да „гризат“, да излезат од кругот на партиско обоеното секојдневие и да работат на својот развој. Така долгорочно ќе создаат квалитети кои пазарот на труд а и животот ќе ги препознае и награди.

JPEG-Image-2858986-300x199

5. Дали имаш некој посебен проект што ти е драг и при срце?

Хм…незнам дали ќе ви звучи како клише, но навистина сите активности кои сум ги правел во Младите МОЖАТ ми се длабоко во срцето. Од најобичните состаноци и меѓусебни разговори до конкретни настани кои се случувале. Ќе ме прашате зошто? Па затоа што ништо не било обично и неважно. Еве пред некој ден Роска која сега е на студии во Сараево во чет комуникација ми сподели дека еден наш заеднички муабет додека сме се враќале од состанок накај дома е нешто на што често се сеќава, бидејќи и дал многу силен поттик да разреши одредени внатрешни и надворешни ситуации.

Едноставно не постоеле обични и посебни настани. Секој емаил беше пишуван и украсуван со многу љубов и ентузијазам…па бои, па смешковци, па мотивирачки пораки…се со цел да го разбудиме ентузијазмот кај нашите членови и да поверуваат дека Младите МОЖАТ.
Еве на пример, Маршот за мир и ненасилство. Ми се чини дека Бојана ја донесе идејата на состанок на Извршен одбор и веднаш се нафативме да учествуваме, но клучниот момент беше дека тоа мора да биде нешто суштинско не реда ради…и замислете цврсто одлучивме маршутата по која ќе се движиме мора да ги поврзе двата брега на Вардар, Сметавме дека е лицемерно да зборуваме за марш за мир, во постконфликтна Македонија а да не поминеме низ Чаир и Бит Пазар како дел од градот во кој живее мнозинско албанско население и да ги поврземе со другата страна на градот каде живее во мнозинство македонско население. Да, и така се случи…мала група на младите луѓе, помогнати со членови на ромската организација АМБРЕЛА маршираа од едната страна на другата страна на Вардар. Мегафонот и транспарентот напред, сите со верба дека правиме нешто многу важно и суштинско чекориме извикувајќи пораки за мир. Некој ќе каже па никој не дознал за тоа, е па да, точно е не се дозна многу за таа маршута, бидејки тоа не беше медиумски проект, тоа немаше никаков буџет, немаше спонзори тоа беше една обична иницијатива на луѓе кои веруваат дека мирот е можен, дека суштината е важна и дека можеме да бидеме кокичиња на идниот заеднички соживот во мир и ненасилство. Успеавме ли? Незнам. Но знам дека сите сеуште се бориме, храбро, тивко и решително.

 

JPEG-Image-2870922-300x1996. Може ли да споделиш некоја интересна случка, настан или слично во врска со ММ? (било дали тоа се случило на некоја обука, тренинг, семинар или патување)

Како што претходно напоменав за мене секој настан беше посебно доживување. Ако морам да издвојам би издвоил некој „обични“ моменти. На пример кога Жане (Касаповска) ја организираше хуманитарката за собирање на алишта за луѓето без дом кој живеат под железничката. Се сеќавам колку беше лута што членовите на Извршниот одбор кој се најавиле дека ќе дојдат за средување на алиштата не се појавиле. Таа морала сама со уште двајца нови членови (од кои едниот бил Миралем) да ја средуваат целата облека. Морале да останат многу подолго од што било планирано и пропаднале сите планови кои биле на агендата. Жане доаѓа лута, ќе однесува оставка, тоа не е прифатливо, тоа е неорговорно. Во ред, се сложивме дека е неодговорно, се стабилизиравме и се договоривме на се поразговора за тоа на следниот состанок, без Жане да поднесува оставка и да си замине. Помина состанокот, се извлекоа поенти, тие што не дојдоа ја сфатија тежината на неодговорната постапка и се извинија на Жане, но јас имав чувство дека таа сеуште е лута. Поразговарав со неа на само и ми потврди дека навистина е лута но дека веројатно со тек на време ќе и помине. И така, поминаа ми се чини неколки месеци, дојде време за годишно собрание. И како што секогаш била, на самото собрание се предлагаат од членови на Извршен одбор до потпреседател и претседател, потполно демократски и транспарентно (навистина Младите МОЖАТ е позната по тоа што нема местенки за функции, туку членовите на собранието донесуваат одлуки врз основа на пријавените кандидати и личните убедувања). И на тоа собрание, Нина поднесува оставка од претседателска функција, бидејќи ќе биде подолго време отсутна од државата и се почнува постапка за номинирање на претседатели…и се номинираат луѓе, секој номинира кој мисли дека може да ја води ММ и одеднаш се јавива Миралем за збор, вика: Ја номинитам Жане за претседател на ММ!!! Еј…од каде сега ова? Ајде викаме како што е ред, образложи ни го предлогот. Миралем станува и почнува: Јас сум работел со сите вас, но еднаш сум имал прилика да работам со Жане, за хуманитарната акција. Тоа што го видов таму, нејзината упорност, решителност и одлучност да остане до касно и сами да диплиме пакуваме и преместуваме пакети ми покажува дека Жане има лавовско срце и потполно стојам на тоа дека таа може и треба да биде идниот пресетател на ММ! Лицето на Жане во тој момент е нешто што ќе го памтам цел живот. Очите и се насолзуваат од возбуда, лице и светнува од изненаденост! Никогаш не можеше да претпостави колку силен впечаток му оставила на Миралем. Мислам дека во тие моменти Жане сфати дека таа МОЖЕ! Дека во неа има многу повеќе сила и решителност од што и самата во тој период мислеше дека има. Таа потоа поради лични обврски не ја прифати кандидатурата, но препознавањето на лидерот во неа од друг член е настанот кој јас го паметам и со радост се потсетувам. Таквите мали но огромни моменти во Младите МОЖАТ имало многи, тоа е она поради што таа не е обична организација.

JPEG-Image-2868021-199x300

7. Дали си во добри односи со останатите основачи на ММ?

Да! Со сите. И многу сум среќен поради тоа.

Точно, имаше моменти и кога излегуваа конфликти, посебно на почетокот, кога имаше обиди да се прелеат некакви претходни недоразбирања, но многу решително ги направивме неопходните чекори за да ја одржиме организацијата „чиста“ од внатре, без ширење на „зла крв“ и инволвирање на лични несогласувања во фунционирањето на Организацијата.
Јас безкрајно се радувам кога ќе сретнам некој од претходните или сегашните постави на Извршнито одбор но и поактивни членови на ММ. Некако имам чувство дека тоа се луѓе од моето потесно семејство. Луѓе кои ми се посебно драги и со кои лесно се разбираме и си ги наоѓаме темите за муабет и во кои потајно го има ентузијазмот дека работите можат да бидат подобри и дека решението е во развојна промена кај младите од нашата земја.

Тука сакам да напоменам дека ММ поминувала и низ тешки периоди. Но, што е, тука е. Животот носи предизвици, од секој од нас бара да бидеме подготвени да ги прифатиме грешките, да ги проучиме, да извлечеме поенти и научени лекции и од целата ситуацијта да излеземе посилни и помудри. Верувам дека секоја еветуална грешка е направена ненамерно, поради неискуство или не знаење….бидејќи ММ е сепак младинска организација која ја воделе и ја водат млади луѓе кои сеуште учат како да менаџираат и водат. Но, среќен сум без разлика на сите предизвици,раководствата на организаицјата успеаа да ја задржат организацијата „на шини“. Воедно, искрено се надевам дека сите инволвирани во евентуалните конфликти успеале или ќе успеат да си ги извлечат поентите и да продолжиме заеднички да работите на големата мисија. Младите можат од самите почетоци била организација која била спремна да греши и да учи од грешките. Бидејќи ако некој ви каже дека не греши, тој или ништо не прави или е толку самобендисан што не може да ги види дел од грешките кои ги прави.

JPEG-Image-2877990-300x199

8. Кога би бил на пуст оствров кои би биле трите работи кои би ги понел со тебе? :)

:) Мојата вереница Мирјана, крема за сончање и мобилен телефон за да си викеме превоз кога ќе ни здосади и ќе сакаме да одиме на гости кај некого :)

 

9. Дали ти недостасува ММ?

Не! Бидејќи нам ни недостасуваат работи кој повеќе не се со нас.

А Младите МОЖАТ никогаш не престанала да биде дел од мене.

доц. д-р Лазар Ѓуров
еден од основачите и прв потпреседател на Младите МОЖАТ
сега Претседател на Институтот за индивидуален и организациски развој СИМБИОТИКА

Интевјуто го направи:
Ангелина Марковска – член на Младите можат