download (1)

Филип Митрески – Зошто ЕВС?

download (1)Филип Митрески е ЕВС волонтер на Младите можат кој е моментално на долгорочен волонтерски престој во Бугарија.

Зошто се одлучи да одиш на ЕВС?

Многу луѓе ме прашуваат зошто го избра ЕВС кога имаш високо образование, имаш познавање од  доста области, имаш некои си работни искуства зошто да работиш доброволно. Баш затоа што имам доста познавања и искуства зошто да не ги споделам со други луѓе кои имаат желба да научат нешто, некои од тие луѓе и не се запознати дека постои ЕВС програма и немаат можност да запознаат луѓе од други држави затоа сме ние тука и со сето тоа учиме нови култури , запознаваме нови луѓе, стекнуваме нови навики, учиме нови јазици, се забавуваме ,се осамостојуваме, патуваме и што уште не. ЕВС-от е можност која може да се искористи еднаш во животот или двапати доколку се избере еден краток период  до два месеци и потоа еден долг период  до 10 месеци и е многу убава можност за сите кои сеуште не одлучиле што навистина сакаат да прават во животот да ја искористат таа програма во која можат да си одберат проект од нивната област или па од некоја сосем различна област на интереси за да пробаат нешто ново.

Која е всушност твојата улога за време на ЕВС престојот?

Тоа секогаш ми било најтешко да го одговорам затоа што тука работам толку многу нешта дури ми е тешко да ги набројам сите. Работам на организација на настани, административна работа во канцеларијата, промоција на ЕВС програмата во Ловеч и во околината, правење на презентации за екологија во училиштата, обука на идни ЕВС волонтери (Pre DepartureTraining), работа со лица со пречки во развојот и доста други работи. Нешто интересно е дека јас никогаш во животот не сум работел со деца сум мислел дека тоа за мене би било многу тешко, но откако дојдов тука и сум педагог во едно училиште, правам  разни кампови со деца, разни игри со деца сфатив дека не сум толку лош и во тоа и дека работата со деца е интересна и убава и просто некогаш  кога работиш со нив и ти самиот се чувствуваш како дете и не мислиш на никакви проблеми и други работи од реалниот свет па може тоа во иднина ќе ме насочи да продолжам да работам со деца.

 

Која е главната лекција/искуство кое го научи од твојот престој?

Во мојот веќе 5 месечен престој тука за мене најважно беше искуството да живеам без финансиска подршка downloadод моите родители, сам да ги извршувам домашните обврски, да се научам да ги планирам и распределувам парите а не само да ги трошам тие кои сум ги добил од семејството. Во ЕВС програмата има два тренинзи организирани од националната агенција во кои се запознаваш со сите ЕВС волонтери кои се моментално во државата во која се наоѓаш и јас на тие тренинзи имав можност да запознаам луѓе од околу 20 различни држави и тоа е едно одлично искуство кое ќе го паметам целиот живот.

Колку е важно волонтирањето за младиот човек?

Јас лично сметам дека волонтирањето е многу важно за младите луѓе затоа што со тоа тие се надградуваат себеси, добиваат самодоверба, амбиции , се социлијазираат, учат нови нешта и со тоа што често се наоѓаат во различни ситуации почнуваат да знаат што навистина сакаат да прават во животот.Самото искуство да запознаваш луѓе од различни култури е прекрасно и воедно и од едукативен карактер се запознаваш со други начини на живот, други типови на размислување, други обичаи , имаш можност да научиш некои нови традиционални танци, посебно интересно е кога пробуваш некои традиционални алхохоли од другите држави (хаххахах).

 

Дали сметаш дека се стекна со вештини кои ќе ти помогнат во твоето идно вработување?

downloadОвој ЕВС исто така беше важен за мене затоа што се стекнав со некои знаења кои можеби ќе ми бидат од корист во идното вработување како на пример искуство во работа со деца како што напоменав претходно, го совладав многу добро бугарскиот јазик, ги подобрив моите менаџерски способности (менаџмент со човечки ресурси), стекнав нови искуства со организирање на настани од различен тип како конференции, работилници и т.н. , имав нови искуства како тренер на некои работилници и како предавач во училиште. Затоа на сите млади сакаат да стекнат искуство во им препорачувам да пробаат да аплицираат за некој ЕВС проект од областа во која сакаат да стекнат искуство и преку забава, запознавање многу луѓе воедно ќе го стекнат тоа искуство кое потоа можат да го искористат за вработување во иднина. Како доказ за тоа искуство кога ќе заврши ЕВС проектот ќе добијат  “Youth Pass”  тоа е сертификат за неформална едукација во кој се вметнати сите “нешта” кои сте ги научиле.

 

*ЕВС е програмата на Европската комисија која овозможува престој на млади лица до 30 години во некоја од Европските земји во период од 2-12 месеци. Повеќе информации за програмата и можностите посетете го следниот линк.