evs2

ЕВС ИСКУСТВОТО НА РОМСКИТЕ СТУДЕНТИ ВО ГЕРМАНИЈА

Игбал Алиова и Дениз Исмаили вејќе една година се наоѓаат во Германија извршувајќи си ја својата должност како ЕВС волонтери. Игбал е млада и амбициозна девојка која има дипломирано на катедрата „ Предоучилишно образование и воспитување “ на Универзитетот „ Гоце Делчев “ во Штип, додека Дениз своето високо образование го завршил дипломирајќи на Југоисточниот Европски Универзитет во Тетово, на институтот „ Јавна администрација “. 

И двајцата ромски студенти раскажуваат за нивната одлука и решителност да ја искористат ЕВС програмата за која велат дека  е преубава можност за секој млад човек. Едногласни се кога велат дека не му било сеедно дека ќе морат да се помират со фактот дека заминуваат во држава која што на некој начин и за двајцата е непозната територија. Носталгични се кога се споменува нивната држава Македонија и нивните родни места Штип и Тетово. Но, сепак велат дека амбициозноста ги натерало кон запознавање на непознатото.

Започнале со стандардната процедура при аплицирање која што треба да се проследи за да се стане ЕВС волонтер. Ја пронашле својата организација испраќач и организацијата примач. Игбал завршила во невладината организација „ Амаро Дром “ со седиште во Берлин. Додека. Дениз се стационирал во Дизелдорф како волонтер во невладинара организација „ Терно Дром “.

evs2Кога ги прашавме што е тоа што ги натерало на таквата одлука да заминат надвор од државата, Дениз вели дека пред се предизвикот. Смета дека ја направил вистинската одлука за подобра иднина и остварување на неговите цели за понатамошен живот. На почетокот се било ново и чудно за него – градот, луѓето, времето и јазикот. Волонтирал со деца кои што имале имигрантска позадина на возраст од 6 до 12 години во Младинскиот центар V24. Позитивната работа која што ја истакнува е тоа што при процесот на волонтирање, веќе имал работно искуство со деца како Ром медијатор во училиште во Тетово. На почетокот германскиот јазик бил потешкотијата при процесот на комуникација, но успеал да го усоврши според предвидената програма за изучување на странски јазик. Исто така, раскажува дека имал можност да покрене иницијатива која што резултирала со флеш – моб по повод 8 – ми Април меѓународниот ден на ромите, во Дизледорф.

Причината поради која младата и амбициозна девојка се решила на ваков чекор била потрагата по непознатото и подобра иднина. Вели дека многу млади луѓе не се свесни за ЕВС програмата, како и за можностите кои ги нуди. Пред се тоа што може да се искористи покрај здобивање со работни вештини, е можноста од патување кон земјите од соништата, широк дијапазон на култури, развивање на комуникациските вештини, изучување на странски јазици, скапоцени пријателства и незаборавни забави.Работата на Игбал како волонтерка се состоела од работа со деца од предшколска возраст. Пресреќна е што и се овозможило шанса се она што теоретски некогаш го стекнала, сега преку пракса да го примени. Истакнува дека ЕВС е искуство кое што секој млад треба да го посакува, и да знае дека тоа само еднаш се случува во животот.

evs22

Средствата се доволни за да се живее удобно – велат и двајцата волонтери. Научиле како е да се биде самостоен и независен, како да ги менаџираат финансиите, и да направат добра алокација на преостанатите ресурси.

Испраќаат порака до сите млади со надеж дека ќе ја најдат својата организација – примач, и ќе ја искористат ЕВС програмата. Се што треба да се направи велат младите волонтери, е да се биде амбициозен и склон кон непознатото кое што на крај ќе произведе капацитет и поуспешна иднина. Богата биографија и непроценливи искуства и пријатели.

Европскиот волонтерски сервис (European Voluntary Service) е програма за волонтирање финансирана од програмата „Млади во акција“ на Европската комисија. Оваа програма им нуди на младите од 18 до 30 години можност да волонтираат за некоја организација во странска земја, во временски период од три месеци до една година, работејќи на проекти од различни области – спорт, култура, младинска работа, социјална грижа, уметност, животна средина, локален развој итн. Програмата ги покрива сите трошоци за пат, за осигурување, за сместување и за сметки, за храна и за џепарлак на волонтерот.

Автор:Сунаи Сабриоски, студент на институтот по новинартсво на Правен факултет Јустинијан Први, трета година.