Донација на храна и облека за оние на кои им е најпотребна!

Во рамките на Светскиот ден на децата, 20-ти ноември, Младите Можат во соработка со НВО “Детска Надеж“ организираа акција за собирање на храна и облека за деца од социјално загрозени семејства. Беа повикани сите луѓе кои сочуствуваат  со заеднички сили несебично да им понудат помош на оние на кои им е најпотребна.

Настанот се одржа пред Универзална Сала и траеше два дена, Среда (17.11.2010) и Четврток (18.11.2010), од 19:00 до 20:00 часот.

Не се ни надевавме на подобар резултат од акцијата, дечињата и нивните фамилии беа воодушевени дека некој воопшто помислил на нив, што ги посетил и им дал ветување, а што е најважно, ГО ОДРЖАЛ ВЕТЕНОТО!

Тие ги поздравија нашите волонтери со видна возбуда и радост и посакаа повторно да ги посетиме, ако ништо друго бар да можат да ги споделат нивните проблеми и грижи со некој кој навистина ќе ги сослуша.

Секој кој што остави донација или учествуваше во оваа акција на било каков начин, направи промена во животите на овие прекрасни луѓе, и да бевте таму ќе можевте да ја видите благодарноста во нивните очи, нивната искрена благодарност. И ви благодариме на сите вас кои се грижевте доволно за да направите една ваква позитивна промена!