[ПОВИК] Make a change – Be a volunteer!


15174479_10210553127484962_94930572_n
Во моментот кога можноста да им помогнете на другите ви се претвора во задоволство, тогаш започнувате за сфаќате колку сте си помогнале на себеси. Преку чинење на позитивни промени во заедницата, често забораваме на личниот и професионален развој кој расте заедно со делата кои ги правиме.

Поаѓајќи од овој факт, Младите можат, со поддршка на Амбасадата на САД во Република Македонија, по четврти пат го реализира проектот „Make a change – Be a volunteer“, кој веќе традиционално ја промовира важноста на волонтирањето и младинската работа.

25 млади на возраст од 16 – 22 години ќе добијат можност да бидат дел од проектот, и да научат за концептот на волонтирањето, повеќе за тоа што е лидерство и да стекнат вештини за работа во тим.

Пријави се со пополнување на кратката апликација на следниов линк.

Рокот за аплицирање трае до 30.11.2016 (среда) до 23:59

Проектот ќе биде спроведен преку четири модули:

Модул 1: 3 – 4 декември, дводневна обука за бенефитите од волонтирањето и детектирање на проблеми;

Модул 2: 17 – 18 декември, дводневна обука за тимска работа и лидерство;

Модул 3: 24 – 25 декември, дводневна обука за проектен менаџмент и;

Модул 4: јануари – март, спроведување на три иницијативи и правење на промени во заедницата преку волонтирање.

*На крајот на проектот сите учесници ќе се стекнат со сертификат.

**За успешно завршување на проектот, задолжително е присуството на сите модули

И ти можеш да направиш промена. Волонтирај!

[ПОВИК ЗА МЕНТОРИ] Академија за младински активизам

Младите можат објавува повик за 8 ментори во рамките на проектот „Академија за младински активизам“, поддржан од Амбасадата на САД во Република Македонија. Read more

Повик за обучувачи и ментори

Младите можат објавува повик за  обучувачи и ментори во рамките на проектот  „Млади во локална акција“,  поддржан од АЛДА Скопје.

Постер

Цел на проектот:

Целта на проектот е зајакнување на цивилното општество преку промоција на неформално образование и младинско учество во локалните граѓански и политички процеси во општина Центар.

Профил на учесници:

12 млади од општината, на возраст од 16 – 24 години, со минимално познавање на темите кои ќе се опфатат или кои за прв пат учествуваат на ваков тип на обуки.

  1. Обучувач за првиот викенд модул „Промена во заедницата и детектирање на проблеми“ (19-20 ноември)

 Специфични цели:

  • Запознавање на учесниците со нивните можности за делување на локално ниво;
  • Претставување на младинскиот активизам;
  • Учесниците да детектираат проблеми во општината кои сакаат да ги решат.
  1. Обучувач за вториот викенд модул „Тимска работа и планирање на иницијатива“ (26-27 ноември)

 Специфични цели:

  • Запознавање на учесниците со концептот на тимска работа;
  • Развивање на вештини за имплементирање на иницијатива;
  • Паралелна практична работа за развивање на план за спроведување на иницијативите на учесниците.

Профил на обучувачот:

  • способност за организација, планирање, спроведување и проценување на обуки со примена на методот на неформано образование;
  • релевантно образование и искуство поврзано со темите;
  • искуство во спроведување на обуки

Работни задачи

Обучувачот е одговорен  за  подготовка, спроведување, проценување  и известување за обуката:

  • развивање на едукативна програма, план и сесии за дводневна обука со примена на методот на неформално образование;
  • спроведување на обуката;
  • подготовка на краток извештај кој ќе биде доставен до Извршниот директор на Младите можат не подолго од 10 дена по завршувањето на обуката.

Јазик на кој ќе се  изведуваат обуките:  македонски

Место на одржување на обуката:  Младински клуб, ул „Македонија“ 

Надоместок

На обучувачот за остварувањето на работните задачи ќе му бидат исплатени 50 евра (бруто износ) по  ден,  од страна на Младите можат, најдоцна до 5  работни дена по приемот на конечната верзија на извештајот.

Кандидатите треба да  достават:

  • Кратка биографија (CV) каде што посебно ќе бидат наведени спроведените обуки;
  • Работна програмаза обуката.
  1. Двајца ментори кои ќе ја менторираат работата на учесниците при реализацијата на нивните иницијативи (декември – јануари)

 Специфични цели:

  • Личен развој на учесниците при реализација на иницијативата;
  • Постигнување на целта на иницијативата;
  • Одржување на позитивна атмосфера во тимот.

Профил на менторот:

  • Искуство во организација, планирање и спроведување на иницијативи или проекти;
  • Добри комуникациски вештини и активно слушање;
  • Искуство и познавање на техники за менторирање и коучинг.

Работни задачи

Менторот е одговорен за  подготовка, спроведување и известување за менторирањето:

  • Менторирање на работата на учесниците при реализација на иницијативите;
  • Учество на состаноците на тимот кој ќе го менторира;
  • Посветеност на личниот развој на учесниците од тимот
  • Неделни известувања за текот на иницијативата до Извршната канцеларија.
  • Присуство на состаноци по покана на Извршната канцеларија
  • Подготовка на краток месечен и финален извештај кој ќе биде доставен до Извршниот директор на Младите можат не подолго од 10 дена по завршувањето на иницијативата.

Надоместок

На менторот/менторката за остварувањето на работните задачи ќе му/ѝ бидат исплатени 100 евра (бруто износ),  од страна на Младите можат, најдоцна до 5  работни дена по приемот на конечната верзија на извештајот.

Начин на пријавување

Кандидатите треба да  достават:

  • Кратка биографија (CV);
  • Мотивациско писмо;

Потребните документи за аплицирање испратете ги на следнава меил адреса: [email protected], најдоцна до 14.11.2016 (понеделник) до 23:59 часот

ПОВИК за работни позиции во Младите можат

Според член 3.2.3 од Статутот на организацијата, Младите можат распишува повик за работни
позиции:

  • Извршен директор
    Опис на позицијата и критериуми можете да преземете ТУКА
  • Координатор за PR и комуникации
    Опис на позицијата и критериуми можете да преземете ТУКА

Дополнително распишуваме и повик за два волонтери за:

  • PR и комуникации
  • Членство и вмрежување

Заинтересираните кандидати можат да аплицираат со испраќање на CV и Мотивациско
писмо на следната адреса – [email protected] најдоцна до 31 октомври (23:59).

Кандидатите кои ќе бидат избрани во потесен круг ќе бидат поканети на интервју.

Кандидатите кои ќе бидат избрани за позициите ќе треба да започнат со работа од 10 ноемвири 2016 година.

При селекцијата на кандидатите, предност ќе им биде дадена на кандидатите кои се членови на Младите можат, согласно нивната активност во рамки на организацијата.

Позициите Извршен директор и Координатор за PR и промоција предвидуваат финансиски
надоместок.

[ПОВИК] Младински лидерски иницијативи

final_liderski2.1Лидер е оној кој го знае, го оди и го покажува патот“

Младите можат втора година по ред го реализира проектот„МЛАДИНСКИ ЛИДЕРСКИ ИНИЦИЈАТИВИ“ со поддршка од Цивика Мобилитас(Проект на Швајцарската агенција за соработка и развој (СДЦ), претставен од Швајцарската амбасада во Република Македонија кој го спроведуваат НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Шведскиот институт за јавна администрација (СИПУ)), Швајцарски национален младински совет и во соработка со SEED Швајцарија и Институт за индивидувален и организациски развој Симбиотка.

Проектот има за цел  да ги инспирира младите луѓе од Македонија да бидат свесни за својот лидерски потенцијал и да бидат активни чинители во демократското општество. Проектот, исто така  им нуди можност да се стекнат со вештини за својот личен развој, да го развиваат својот лидерски потенцијал, да научат да работат успешно во тим и да остварат позитивна промена во заедницата.

Проектот е поделен на две фази:

Седумдневен лидерски камп:

Кампот ќе се одржи од 5 до 11 мај на Пониква, Осогово. 20 млади луѓе од цела Македонија ќе имаат можност да земат учество во кампот каде со помош на веќе докажани и успешни тренери ќе ја имаат можноста да го развиваат својот лидерски потенцијал и да стекнат познавања за младинско учество и активизам. Програмата вклучува рефлексии и самоевалуација, инидивидуална и групна работа преку која учесниците ќе се стекнат со лидерски вештини (проектен менаџмент, комуникациски и презентациски вештини, детектирање на проблеми), а истите ќе можат да ги применат решавајќи поставени предизвици.

Во улога на главен предавач на кампот е Д-р Лазар Ѓуров, еден од основачите на Младите можат, Претседател на СИМБИОТИКА, професор по лидерство на Воената академија, професор по Интерперсонални деловни вештини на БАС, консултант и обучувач по лидерство во многу познати македонски компании.

Сите трошоци поврзани со кампот (сместување, превоз, храна) ќе бидат покриени од страна на организаторот.

Реализација на 3 лидерски иницијативи:

За време на кампот учесниците ќе се поделат на три групи и  во рок од три месеци (јуни, јули, август) ќе работат на имплементирање на иницијативи на претходно идентификуван општествен предизвик. Во текот на овие три месеци, учесниците ќе имаат прилика директно да ги применат стекнатите вештини и да влијаат кон подобрување на општеството.

Секој од тимовите ќе добие свој ментор кој ќе им биде поддршка при целиот процес на планирање и спроведување на иницијативите.

Повикот е наменет за:

  • Млади лидери на возраст 17-22 години, кои се подготвени да работат на својот личен развој и да придонесат за позитивни промени во заедницатач;
  • За време на периодот на имплементирање на иницијативите, се очекува од учесниците да живеат или престојуваат во Скопје

Рокот за аплицирање е до 20.04.2016 (23:59).

Сите заинтересирани да испратат CV и пополнета апликациска форма на [email protected]

ВАЖНО: Избраните учесници потребно е да платат паричен надоместок од 900 денари за учество во проектот.

За повеќе информации слободно контактирајте не.

Лице за контакт:
Марија Николоска

[email protected]

Повик: „Ослободи ја идејата и преземи акција!“

cover

Преку глава ти е од општествените проблеми? Мислиш дека е залудно што и да направиш? Си се обидел ли воопшто? Ослободи ја идејата и преземи акција!

Младите можат ги повикува сите младите од Македонија да поттикнат општествена промена преку учество на натпреварот ОСЛОБОДИ ЈА ИДЕЈАТА.

Што треба да направиш?

  • Состави тим од 3 до 5 млади ентузијасти на возраст од 16 до 26 години;
  • Дискутирајте за предизвиците во заедницата кои ве засегаат вас;
  • Предложете решение;
  • Направете план преку кој ќе делувате при решавање на проблемот во однос на некоја од следниве области:
    • Образование и култура
    • Развој на граѓанско општество
    • Толеранција и недискриминација
    • Младински политики и граѓански права
    • Животна средина
    • Миграции
    • Вработување

Како да се пријавиш?

Преку пополнување на пријавата најдоцна до 20.03.2016, 23:59 часот.

Пријавата за учество можете да ја најдете на следниов линк.

По истекување на рокот за пријавување, 5те тима со најрелевантна, најиновативна и најизводлива идеја ќе продолжат во наредната фаза од проектот, при што ќе добијат поддршка за развој на идејата преку остварување менторски средби и консултации.

Во текот на месец април, на отворен настан, избраните 5 тима ќе имаат можност да ја презентираат својата идеја за иницијатива и да ја убедат публиката и жири-комисијата за потребата за решавање на проблемот и креативноста на понуденото решение. Притоа ќе се гласа за најдобрата идеја, водејќи сметка за:

  • Релевантност на идејата;
  • Иновативност на идејата;
  • Изводливост на идејата.

Победничкиот тим ќе добие поддршка од Младите можат за имплементирање на иницијативата и наградно патување за целиот тим.

Тимот на иницијатива изработи посебно видео. Видеото ќе ти даде насоки како да поднесете подобар предлог за решавање на општествениот предизвик.

За дополнилни информации обратете се кај Анита Николовска на:

[email protected]

078 313 931

Make a change: Be a VOLUNTEER! Vol. 3

Untitled-1sss copyПоради вербата во волонтерството, како алатка за поттикнување на општествени промени и личен развој, Младите можат, по трет пат ви го најавуваат проектот „Make a change: Be a VOLUNTEER! Vol. 3”.

Целта на проектот е јакнење на заедницата преку вклучување на млади луѓе во процесот на волонтирање. Претходните искуства со овој проект ни ја покажаа потребата од поголема вклученост на младите во волонтерски активности, а тоа е главната мотивација по трет  пат да ги поканиме младите да земат учество во проектот и преку серија обуки да научат за концептот на волонтирањето, да научат повеќе за тоа што е лидерство и тимска работа, да се стекнат со вештини за работа во тим за потоа тие самите, поделени во тимови, да иницираат промени во својата заедница. Нормално, во целиот тој процес Младите можат ќе бидат тие кои ќе бидат тука да ви помогнат, да ве поддржат и да го споделат своето искуство со вас.

Повикот е наменет за сите средношколци и студенти на возраст од 16 до 22 години, кои имаат мало искуство или воопшто немаат искуство во граѓански сектор и во спроведување на волонтерски акции.

Доколку си заинтересиран, пополни ја апликациската форма, која можеш да ја најдеш на следниов линк.

Рокот за аплицирање е 24.11.2015 до 23:59 часот. Затоа не губи време и испрати ја твојата апликација уште денес!

Еве што те очекува, доколку се пријавиш:

  • Прв модул: „Волонтерство и личен развој” 28 – 29 ноември
  • Втор модул: „Тимска работа и тимбилдинг вештини“ 12 – 13 декември
  • Трет модул: „Детектирање проблеми и планирање на иницијативи“ 19 – 20 декември
  • Четврти модул: „Имплементирање на волонтерски иницијативи “декември – март 2016

Успехот се чини дека е поврзан со акција, па затоа пријави се и подготви се за акција која позитивно ќе влијае на твојата заедница. Направи промена, биди волонтер!

Повик за сите самоиницијативни средношколци од Скопје, Куманово и Велес |Thirrje për të gjithë nxënësit vetëiniciativ

logo partneri

Ако си средношколец, ако нешто ти пречи, ако сакаш да видиш промена и сакаш да бидеш дел од промената, продолжи да читаш!

mima_final_rabСтудентската организација „Излез“ во партнерство со „Младите можат“, „ХЕРА“ и „ЦИД“ го спроведуваат проектот „Млади информирани, млади активирани!“ во чии рамки ќе се одржат 3 последователни обуки на темите:

  • Обука: Работа во заедницата и идентификување на локални проблеми, 21 – 22. 11
  • Обука: Тимска работа и лидерствo, 28 – 29.11
  • Обука: Имплементирање на локална иницијатива, проектно планирање, 05 – 06.12

По завршувањето на обуките, следува процес на имплементирање на иницијатива, во периодот 07. 12. 2015 – 07.03.2016

 

Доколку си средношколец од Скопје, Велес или Куманово, доколку си расположен да придонесеш за развојот на заедницата со продлабочување на своите знаења преку неформално образование, доколку сакаш да поминуваш време и споделуваш искуства со млади ентузијасти, пополни ја апликацијата на следниот линк, најдоцна до 15.11.2015 (недела).

По завршувањето на обуките, учесниците, поделени во две групи, во период од два месеца, ќе спроведат иницијативи насочени кон решавање на општествени проблеми, кои тие самите ќе ги детектираат за време на обуките.

На секоја група ќе ѝ биде доделен ментор кој ќе има задача да дава поддршка, помош и совет во текот на процесот на имплементирање на иницијативите.

Обуките и спроведувањето на иницијативите ќе бидат во Скопје, Велес и Куманово

„Млади информирани, млади активирани!“ е партнерски проект на Студентската организација ИЗЛЕЗ, ЗГ Младите Можат – Скопје, Асоцијација за здравствена едукација и истражување ХЕРА и Центар за меѓукултурен дијалог  – ЦИД. Проектот се спроведува во рамки на Проектот на УСАИД за граѓанско општество, кој го реализира Фондацијата Отворено oпштество – Македонија.

Доколку имате потреба од дополнителни информации, обратете се кај:

Стефан Александар Јовановски, [email protected], 071 216 820 и/или кај

Симона Младеновска, [email protected], 077 965 565,

Илија Станковски, [email protected],mk, 078 204 814

Nëse je nxënës në shkollë të mesme nga Shkupi, Velesi ose Kumanova, nëse je i disponuar të kontribuosh në zhvillimin e komunitetit duke u pasuruar me dituri përmes edukimit joformal, nëse do të kalosh kohë duke shkëmbyer përvoja me entuziastë të rinj, atëherë kjo thirrje është ideale për ty!

Organizata Studentore IZLEZ në partneritet me “Mlladite mozhat”, HERA dhe CID e implementojnë projektin: Të rinj të informuar, të rinj aktiv! Në kuadër të të cilit do të mbahen 3 trajnime me tema:

  • Puna në komunitet dhe identifikimi i problemeve lokale, 21-22.11
  • Puna ekipore dhe lidershipi, 28-29.11
  • Implementimi i iniciativës lokale, planifikim i projektit, 05-06.12

Pas përfundimit të trajnimeve, vijon proces i implementimit të iniciativës në periudhën 07.12.2015 – 07.03.2016

Pas përfundimit të trajnimeve, nxënësit, të ndarë në dy grupe, në periudhë prej dy muajsh, do të implementojnë iniciativa të drejtuara kah zgjidhja e problemeve shoqërore, të cilat ata vetë i kanë detektuar.

Secilit grup do të ketë mentorin e vetë i cili do të ketë për detyrë të jetë mbështetje, ndihmë dhe këshillë gjatë procesit të realizimit të iniciativave.

Pas realizimit të iniciativave të gjithsej 8 ekipeve nga Shkupi, Velesi dhe Kumanova do të realizohet garë për zgjedhje të iniciativës më së miri të menduar dhe implementuar. Ekipi fitues do të shpërblehet me dhurata të vlefshme!

Afati për aplikim: 15.11.2015 (e diel).

Formulari për aplikim dhe informata shtesë mund të gjesh në vegëzën në vijim

“Të rinj të informuar, të rinj aktiv!” është projekt në partneritet mes Organizatës Studentore IZLEZ, SHQ Mlladite mozhat, Asociacionit për Edukim dhe Hulumtim Shëndetësor dhe Qendrës për Dialog Ndërkulturor – CID.

Projekti implementohet në kuadër të Projektit të USAID për shoqëri civile, të cilin e realizon Fondacioni Shoqëri e Hapur – Maqedoni.

Kontakt:

Stefan Aleksandar Jovanovski, [email protected], 071 216 820 и/или кај

Simona Mladenovska, [email protected], 077 965 565,

Ilija Stankovski, [email protected],mk, 078 204 814

 

logo USAID logo FOOM