Младинска размена: Pink for girls, blue for boys

Ноември 7-15. 2016. Лесковац, Србија.

Цел на размената: Побивање на предрасудите за родовите, родовите улоги и како тие влијаат во нашите животи. Повеќе информации имате на следниов линк.

Повикот е отворен за сите млади на возраст од 18-30 години.
Сите трошоци за пат, сместување и храна се покриени од организаторите.

Аплицирај со пополнување на АПЛИКАЦИСКАТА ФОРМА во прилог.
Пополнетата апликација испрати ја на – [email protected]

Рокот за аплицирање е до 16 октомври 2016

Младински тренинг: Младинска работа преку онлајн алатки и кампањи

Erasmus-logo-e1411150120282

Младите можат како партнер на проектот „Break the myth – spread the word” објавува повик за 3 учесници на младински тренинг во рамки на Еразмус+ програмата.

Темата на тренингот е „Младинска работа преку онлајн алатки и кампањи“ чија цел е развивањена сет препораки за практикување на младинска работа преку интернетот.

Сите   заинтересирани   можат   да   аплицираат   со   пополнување   на   следната АПЛИКАЦИСКА ФОРМА и испраќање на CV на следната адреса – [email protected]

Рокот за аплицирање е до 25 август.

Учесниците треба да имаат претходно искуство во работа со млади и членство во младински организации. Трите избрани ученици потоа ќе треба да бидат тим лидери на една од следниветри младински размени:

  • Младинска размена во Лесковац – ноември 2016
  • Младинска размена во Цеље, Словенија – февруари 2017
  • Младинска размена во Скопје, април 2017

Сите трошоци за сместување, храна и пат ќе бидат покриени од организаторот.

Сите дополнителни информации во врска со проектот и тренингот можете да го најдете на следниот ИНФО ПАКЕТ.  

Младинска размена во Омен, Холандија

panoramaommen

Млади, Одлична можност да поминете 15 дена во Омен, Холандија и да учествувате на интерактивна размена посветена на претприемништвото.

Ова размена е наменета за млади од 15 до 20 години и ќе се одржи од 08.08.2016 до 23.08.2016.

Доколку сте заинтересирани, детално за размената можете да прочитате на следниот линк.

Аплицирајте со пополнување и испраќање на апликацискиот формулар на [email protected] не подоцна од 15.06.2016, 23.59 часот. 

Апликацискиот формулар можете да го најдете на следниов линк.

*Ќе бидат известени само кандидатите кои се примени.

Младинска размена во Омен, Холандија

Младите можат испраќа 5 млади луѓе на деветдневна младинска размена (26.02-06.03.2016) во Омен, Холандија, од кои двајца веќе се избрани и ќе бидат дел од посетата за планирање на размената!

Фокусот на оваа младинска размена е социјалното претприемништво, начини како се дојде до финансии за реализирање на идеја и мерење на општествениот импакт од истата.

Покрај едукативиот дел ќе имате можност да се дружите со учесници од други земји и да се запознаете со културата и историјата на градот.

Трошоците за сместување се целосно покриени, а за пат се до 170 евра.

Повеќе за проектот може да прочитате во инфо пакетот, кој се наоѓа на следниов линк.

Сите кои се заинтересирани нека ни ја испратат пополнета апликацијата на [email protected] наслов Младинска размена во Омен најдоцна до 26.01.2016.

Апликацијата можете да ја најдете на следниов линк.

Селекцијата на учесниците ќе биде направена од страна на „Cherry group“, партнерската организација од Холандија.

Повик за ментори во проектот Млади информирани, млади активирани!

Screenshot_1

Здружението „Студентска организација Излез“, во рамките на проектот „Млади информирани, млади активирани“,  објавува повик за вклучување на 8 младински работници од Скопје, Велес и Куманово во улога на ментори за потребите на проектот.

Оваа фаза на проектот предвидува спроведување на 8 граѓански иницијативи, поттикнати и водени од средношколци, таргетирајќи општествени проблеми, во период од три месеци. За таа цел, проектот ќе вклучи 8 младински работници, со искуство во спроведување и менторирање на граѓански иницијативи, кои ќе им го понудат и пренесат своето знаење и искуство на средношколците, ќе ја насочуваат групата во текот на целиот процес, преку редовни состаноци и ќе бидат достапни за совет и консултација.

Повикот е отворен за сите млади од Скопје, Велес и Куманово, на возраст од 18 до 30 години, кои се општествено активни, имаат искуство од најмалку 2 години работа во граѓански организации и имаат искуство во спроведување и менторирање на граѓански иницијативи.

За кандидатите кои ќе бидат избрани, предвиден е тридневен тренинг, кој ќе биде спроведен во периодот од 23-ти до 25-ти октомври.

За успешно спроведениот работен ангажман предвиден е паричен надоместок.

Заинтересираните можат да се пријават за вклучување во проектот со испраќање на својата кратка биографија и пополнета апликациска форма на [email protected] најдоцна до 05.10.2015 год. (23:59).

„Млади информирани, млади активирани!“ е партнерски проект на Студентската организација ИЗЛЕЗ, ЗГ Младите Можат – Скопје, Асоцијација за здравствена едукација и истражување ХЕРА и Центар за меѓукултурен дијалог  – ЦИД. Проектот се спроведува во рамки на Проектот на УСАИД за граѓанско општество, кој го реализира Фондацијата Отворено Општество – Македонија.

Проектот „Млади информирани, млади активирани“ има за цел да го зголеми/ подобри нивото на информираноста кај средношколците преку нивно вклучување во граѓански иницијативи.

Доколку имате потреба од дополнителни информации, обратете се кај:

Стефан Александар Јовановски, [email protected], 071 216 820 и/или кај

Симона Младеновска, [email protected], 077 965 565,

Илија Станковски, [email protected],mk, 078 204 814

USAIDFOOM

Повик за обука за презентациски вештини и фасилитација

Група млади лидери од Младите можат спроведуваат иницијатива за подигнување на свеста на граѓаните за своите граѓански права.

Во рамките на оваа иницијатива која е дел од проектот Youth Leadership Initiative, Младите можат распишува повик за обука на млади со искуство од областа на правото кои ќе бидат одговорни за реализирање на втората фаза од иницијативата, кој предвидува спроведување на едукативни предавања за граѓанските права во средните школи.

Учесниците на обуката ќе се стекнат со знаења за презентациски вештини и фасилитирање на група, кои ќе им помогнат при реализација на предавања за информирање на средношколците со основните граѓански права во текот на месец септември. Обуките ќе се одржат на 28 и 29 јули 2015.

Доколку сте полнолетни, студент на Правниот факултет, дипломиран правник или имате предзнаења и искуства од областа на правото со акцент на граѓанските права, пријавете се на следниов линк најдоцна до 24 јули 2015 (23:59).

* Учесниците што ќе ги поминат обуките на 28 и 29 имаат задолжителна обврска да ги спреведат предавањата во средните школи

** По успешно завршување на обуката и предавањата во средните училишта на Град Скопје, учесниците ќе добијат сертификат за активен придонес во работата на Младите можат.

За повеќе информации, контактирајте не на 070/611-411 (Теона) или на e-mail [email protected]

Повик за учесници на циклус обуки на тема Емоционална интелигенција

Група на млади лидери од Здружението на граѓани „Младите можат“, во соработка со „Психеско – прво македонско здружение на студенти по психологија“, во рамките на иницијативата Емоционално интелигентна младина, објавува повик за учество на циклус обуки за Емоционална интелигенција, како од теоретски така и од практичен аспект. Обуките се наменети за сите млади на возраст од 16 до 26 години.

Циклусот обуки ќе започне со почетен настан, кој ќе се одржи на 13 јули, на кој ќе има панел-дискусија за примена на ЕQ во различни сфери од секојдневието, а потоа следуваат 4 еднодневни обуки. Истите ќе бидат реализирани во периодот од 13ти до 23ти Јули. Целта на обуките е младите кои ќе бидат вклучени во нив да стекнат повисоко степен на свест за EQ, на свест за себе, за својот личен развој, а со тоа да придонесат и кон општествениот развој.

Обуките ќе бидат одржани во Скопје, истите се бесплатни, а присуството на сите обуки е задолжително.

Имено, Емоционално интелигентна младина е иницијатива реализирана од тим на млади луѓе преку ЗГ Младите Можат. Целта на иницијативата е информирање и зголемување на интересот кај младите за постоењето, значењето и примената на Емоционалната интелигенција (EQ).  Истата е дел од проектот “Youth Leadership Initiative” кој е имплементиран од страна на Младите можат во соработка со SEED-Швајцарија и поддршка од Швајцарскиот национален младински совет.

Крајниот рок за пријавување на повикот е 07.07.2015 (вторник) до 23:59 часот.

Сите заинтересирани можат да се пријават со пополнување на апликацискиот формулар кој можете да го најдете на следниов линк.

За повеќе информации, можете да ни се обратите на [email protected] или на 078 313 931

Повик за учесници на младинска размена во Малатиа, Турција

Младите можат испраќа 10 млади од 18-30 години на 7 дневна младинска размена (12-19.05.2015) во Малатиа, Турција – најголемиот град во центарот на државата.

Главната цел на оваа размена е креирање на „мостови“ за преминување преку микро национализмот и исламофобијата. На размената ќе бидете запознаени и со поимот и концептот на европско граѓанство.

Покрај едукативниот дел од размената, ќе имате можност да се дружите со учесници од Турција и Романија и да разгледате голем број историски и културни знаменитости :)

Трошоците за пат и сместување се целосно покриени.

Прочитајте повеќе за проектот во документот прикачен на следниов линк.

Сите заинтересирани нека ни испратат пополнета апликација и  свое CV на [email protected] и [email protected] до 8ми април 2015!

Проект: Youth Leadership Initiative

lider_final„Ако твоите активности ги инспирираат другите повеќе да сонуваат, да научат повеќе и да станат повеќе, ти имаш лидерски способности.“

Младите можат во соработка со SEED-Швајцарија и поддршка од Швајцарскиот национален младински совет започнаа со имплементација на проектот „Youth Leadership Initiative“ .

„Youth Leadership Initiative“  e проект кој има за цел да ги ги поттикне младите да станат активни лидери во своето општество, да идентификуваат предизвици, да бараат нивни решенија, да делуваат и меѓусебно да соработуваат. Проектот ќе овозможи шанса за учење на вештини, поттикнување на личен развој, себемотивација, работа во тим и успешно спроведување на иницијативи.

 

Проектот е составен од 2 фази:

Седумдневен лидерски камп (23- 29 април)

Кампот ќе биде организиран во Охрид, каде 20 млади луѓе ќе ја имаат можноста да го градат својот лидерски потенцијал. Програмата на кампот ќе биде составена од тимски предизвици, индивидуална и групна работа, рефлексии и самоевалуација.

Дополнително сакаме да го претставиме Д-р Лазар Ѓуров, како предавач на кампот.
Лазар Ѓуров е еден од основачите на Младите можат, претседател на СИМБИОТИКА, професор по лидерство на Воената академија, консултант и обучувач по лидерство во многу познати македонски компании.

Сите трошоци поврзани со лидерскиот камп (храна, сместување, превоз) ќе бидат покриени од страна на организаторот.

Реализација на 4 лидерски иницијативи (мај- јули)

За време на кампот, ќе бидат формирани 4 групи составени од 5 учесници кои во рок од три месеци ќе спроведат иницијатива на претходно идентификуван предизвик. Преку иницијативите, учесниците ќе имаат можност практично да ги применат стекнатите вештини за време на кампот и да влијаат врз општеството.

Секоја група ќе има по еден назначен ментор кој ќе дава поддршка во процесот на имплементирање на иницијативите.

Кој може да аплицира?

  • Доколку си на возраст од 17-22 години и сметаш дека имаш лидерски потенцијал и си спремен да работиш на негово развивање, те охрабруваме да аплицираш.
  • Се очекува секој учесник да живее или престојува во Скопје за време на имплементирање на иницијативите.

Рокот за аплицирање е 28.03.2015, 23:59 часот
Начин на аплицирање: испрати твое CV и пополнета апликациска форма на [email protected]

ВАЖНО: Избраните учесници е потребно да платат паричен надомест од 900 денари за учество во проектот.

Доколку ви се потребни повеќе информации слободно контактирајте не

Лице за контакт: Лина Ламбринидис
[email protected]

Работилница: Емоционална интелигенција, X-фактор за успех

Во рамки на проектот „Make a change: Be a volunteer! vol 2“, спроведен од Младите можат, произлезе идејата за организирање на дводневна работилница на тема Емоционална интелигенција.

Работилницата  е наменета за млади од 18 до 24 години и ќе се одржи на 21 и 22 март 2015 година, од 11 до 15 часот, во просториите на Младите можат. Предавач ќе биде Кристина Лефкова: психолог, системски и семеен психотерапевт.

Главна цел на оваа работилница е да ја претстави ЕМОЦИОНАЛНАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА, нејзините основни карактеристики и важност, особено во услови на динамичнoто секојдневие.

Како да ги контролираме нашите емоции за да тие работат во наша корист? Како да настапиме во однос на емоциите на луѓето околу нас? Дали емоциите се наш пријател или непријател? Како да ја подигнеме самодовербата? Како да ја одржиме мотивацијата? Ако овие прашања те заинтригираа, пријави се за учество на работилницата со пополнување на следниот апликациски формулар  најдоцна до 18 март, 23:59.

На крајот на вториот ден, сите учесници ќе добијат сертификат за учество на работилницата.

Работилницата е бесплатна, а присуството е задолжително на двата дена.