[ПОВИК] Make a change – Be a volunteer!


15174479_10210553127484962_94930572_n
Во моментот кога можноста да им помогнете на другите ви се претвора во задоволство, тогаш започнувате за сфаќате колку сте си помогнале на себеси. Преку чинење на позитивни промени во заедницата, често забораваме на личниот и професионален развој кој расте заедно со делата кои ги правиме.

Поаѓајќи од овој факт, Младите можат, со поддршка на Амбасадата на САД во Република Македонија, по четврти пат го реализира проектот „Make a change – Be a volunteer“, кој веќе традиционално ја промовира важноста на волонтирањето и младинската работа.

25 млади на возраст од 16 – 22 години ќе добијат можност да бидат дел од проектот, и да научат за концептот на волонтирањето, повеќе за тоа што е лидерство и да стекнат вештини за работа во тим.

Пријави се со пополнување на кратката апликација на следниов линк.

Рокот за аплицирање трае до 30.11.2016 (среда) до 23:59

Проектот ќе биде спроведен преку четири модули:

Модул 1: 3 – 4 декември, дводневна обука за бенефитите од волонтирањето и детектирање на проблеми;

Модул 2: 17 – 18 декември, дводневна обука за тимска работа и лидерство;

Модул 3: 24 – 25 декември, дводневна обука за проектен менаџмент и;

Модул 4: јануари – март, спроведување на три иницијативи и правење на промени во заедницата преку волонтирање.

*На крајот на проектот сите учесници ќе се стекнат со сертификат.

**За успешно завршување на проектот, задолжително е присуството на сите модули

И ти можеш да направиш промена. Волонтирај!

[ПОВИК] Млади во локална акција

Доколку имаш од 16 до 24 години, живееш во Општина Центар, и сакаш да промениш нешто во твојата локална заедница, сега е вистинската шанса да дејствуваш.

ПостерАплицирај и биди дел од проектот „Млади во локална акција“, каде 12 млади жители на општина Центар ќе добијат шанса да го подобрат своето секојдневие преку директно инволвирање во решавањето на работите кои им пречат, а притоа ќе се стекнат со нови искуства, знаења и вештини.

Секој учесник во проектот ќе има можност да ги помине овие три модули:

  • Модул 1: 19-20 ноември, дводневна обука за влијание во заедницата и детектирање на локални проблеми;
  • Модул 2: 26-27 ноември, дводневна обука за тимска работа и планирање на иницијатива.
  • Модул 3: декември – јануари, имплементација на локална иницијатива на територијата на општина Центар

Пријави се со пополнување на кратката апликација на следниот линк.

Рокот за аплицирање завршува на 16.11.2016 (среда) во 23:59 часот.

*На крајот на проектот сите учесници ќе се стекнат со сертификат.

**За успешно завршување на проектот, задолжително е присуството на сите три модули

Верувај во себе, развивај се и биди дел од промената!

Проектот е реализиран од ЗГ Младите можат со поддршка од АЛДА Скопје, во рамките на проектот „Балканска регионална платформа за младинско учество и дијалог“

[ПОВИК] Обука за подгнување на свесноста за родова еднаквост

Група на млади лидери, кои работат на иницијатива за родова еднаквост, објавуваат повик за учесници на обука за подигнување на свесноста за родова еднаквост.

Обуката ќе се одржи на 27.04.2016 година во просториите на Младите можат од 13-15 часот. Иницијативата е дел од проектот „Млади информирани, млади активирани“ чиј носител е Здружение на граѓани „Студентска организација Излез“

Како можам да аплицирам?

Можност за учество имаат сите средношколци на возраст од 14 до 18 години преку пополнување на следава апикациска форма најдоцна до 25.04.2016 (23:59).

Што ќе опфати обуката?

Дефинирање на пол и род, стереотипи кои се појавуваат во однос на половите, влијание на родот при избор на професија, влијание на општеството врз родовиот идентитет.

Цели на обуката?

  • Да се направи разлика помеѓу поимите род и пол
  • Да се разбере еднаквата улога на половите во општеството
  • Да се разбере што преставува родовата нееднаквост
  • Да се идентификуваат половите стереотипи и влијанието на истите врз развојот на младите и врз изборот на професијата

„Млади информирани, млади активирани!“ е партнерски проект на Студентската организација ИЗЛЕЗ, ЗГ Младите Можат – Скопје, Асоцијација за здравствена едукација и истражување ХЕРА и Центар за меѓукултурен дијалог  – ЦИД. Проектот се спроведува во рамки на Проектот на УСАИД за граѓанско општество, кој го реализира Фондацијата Отворено Општество Македонија – ФООМ.

Проектот „Млади информирани, млади активирани“ има за цел да го зголеми/ подобри нивото на информираноста кај средношколците преку нивно вклучување во граѓански иницијативи.

[ПОВИК] Младински лидерски иницијативи

final_liderski2.1Лидер е оној кој го знае, го оди и го покажува патот“

Младите можат втора година по ред го реализира проектот„МЛАДИНСКИ ЛИДЕРСКИ ИНИЦИЈАТИВИ“ со поддршка од Цивика Мобилитас(Проект на Швајцарската агенција за соработка и развој (СДЦ), претставен од Швајцарската амбасада во Република Македонија кој го спроведуваат НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Шведскиот институт за јавна администрација (СИПУ)), Швајцарски национален младински совет и во соработка со SEED Швајцарија и Институт за индивидувален и организациски развој Симбиотка.

Проектот има за цел  да ги инспирира младите луѓе од Македонија да бидат свесни за својот лидерски потенцијал и да бидат активни чинители во демократското општество. Проектот, исто така  им нуди можност да се стекнат со вештини за својот личен развој, да го развиваат својот лидерски потенцијал, да научат да работат успешно во тим и да остварат позитивна промена во заедницата.

Проектот е поделен на две фази:

Седумдневен лидерски камп:

Кампот ќе се одржи од 5 до 11 мај на Пониква, Осогово. 20 млади луѓе од цела Македонија ќе имаат можност да земат учество во кампот каде со помош на веќе докажани и успешни тренери ќе ја имаат можноста да го развиваат својот лидерски потенцијал и да стекнат познавања за младинско учество и активизам. Програмата вклучува рефлексии и самоевалуација, инидивидуална и групна работа преку која учесниците ќе се стекнат со лидерски вештини (проектен менаџмент, комуникациски и презентациски вештини, детектирање на проблеми), а истите ќе можат да ги применат решавајќи поставени предизвици.

Во улога на главен предавач на кампот е Д-р Лазар Ѓуров, еден од основачите на Младите можат, Претседател на СИМБИОТИКА, професор по лидерство на Воената академија, професор по Интерперсонални деловни вештини на БАС, консултант и обучувач по лидерство во многу познати македонски компании.

Сите трошоци поврзани со кампот (сместување, превоз, храна) ќе бидат покриени од страна на организаторот.

Реализација на 3 лидерски иницијативи:

За време на кампот учесниците ќе се поделат на три групи и  во рок од три месеци (јуни, јули, август) ќе работат на имплементирање на иницијативи на претходно идентификуван општествен предизвик. Во текот на овие три месеци, учесниците ќе имаат прилика директно да ги применат стекнатите вештини и да влијаат кон подобрување на општеството.

Секој од тимовите ќе добие свој ментор кој ќе им биде поддршка при целиот процес на планирање и спроведување на иницијативите.

Повикот е наменет за:

  • Млади лидери на возраст 17-22 години, кои се подготвени да работат на својот личен развој и да придонесат за позитивни промени во заедницатач;
  • За време на периодот на имплементирање на иницијативите, се очекува од учесниците да живеат или престојуваат во Скопје

Рокот за аплицирање е до 20.04.2016 (23:59).

Сите заинтересирани да испратат CV и пополнета апликациска форма на [email protected]

ВАЖНО: Избраните учесници потребно е да платат паричен надоместок од 900 денари за учество во проектот.

За повеќе информации слободно контактирајте не.

Лице за контакт:
Марија Николоска

[email protected]

Повик за обука: ,,Жртва на пасивност или борец за активност?”

 

cover2

Како продукт од проектот „Make a change: BE A VOLUNTEER vol.3“, Младите можат започнаа со имплементација на иницијатива која ја обработува теоријата ,,Борец – Жртва”.

Иницијативата има за цел да ги мотивира младите да излезат од позиција на жртва и ги поттикнува своето незадоволство да го преточат во борба за промена. Проектот овозможува шанса за зголемување на свеста за сопствените потенцијали, себе-мотивација, поттикнување на личен развој и освестување на младите да дејствуваат во насока на промената која сакаат да ја видат. Посакуваниот резултат од оваа обука се активни млади кои ја заземаат позицијата на борец во општеството.

Проектот е составен од три фази:

  • Првата фаза е составена од дводневна обука, која ќе биде одржана на 5ти и 6ти март во канцелариите на Младите можат. Тренер на обуката ќе биде Горјан Славковски, придружуван од Лазар Ѓуров, а на дел од обуката ќе присуствуваат лица кои својата лична трансформација од жртва во борец ќе ја споделат со групата.
  • Втората фаза од проектот е составена од 14 дневен период, каде на учесниците ќе им биде даден простор да дејствуваат во насока на решавање на предизвикот со кој се соочуваат или да направат план за решавање на истиот.
  • Третата фаза ќе биде повторно собирање на групата, за евалуирање на активностите кои ги преземале изминатите 14 дена кој ќе се одржи на 20 март.

Кој може да аплицира?

Доколку си на возраст од 16-22 години и сметаш дека се соочуваш со проблем, но од одредени причини си спречен да делуваш во насока на решавање на истиот, но си подготвен да дискутираш и да се мотивираш, те охрабруваме да аплицираш.

Рокот за аплицирање е до 03.03.2016, 23:59 часот.

 

Сите заинтересирани можат да аплицираат со пополнување на апликацијата која се наоѓа на следниов линк.

Лице за контакт:

Петар Војновиќ
[email protected]

Обука за насилство во врски и сајбер насилство

mm20068DZLP 2

Младите можат, во соработка со Дирекција за заштита на лични податоци, на ден 02.03 (13:00-16:00) е организирана тричасовна обука на која ќе се разработат две теми, насилство во врски и сајбер насилство. Ги охрабруваме сите средношколци да се пријават!

Обуките ќе се одржуваат во Скопје. Избраните учесници ќе бидат дополнително известни за локацијата на одржување.

Бројот на учесници на обуките е ограничен, затоа побрзајте и пријавете се.

Сите заинтересирани можат да се пријават со пополнување на апликацијата која се наоѓа на следниов линк.

Make a change: Be a VOLUNTEER! Vol. 3

Untitled-1sss copyПоради вербата во волонтерството, како алатка за поттикнување на општествени промени и личен развој, Младите можат, по трет пат ви го најавуваат проектот „Make a change: Be a VOLUNTEER! Vol. 3”.

Целта на проектот е јакнење на заедницата преку вклучување на млади луѓе во процесот на волонтирање. Претходните искуства со овој проект ни ја покажаа потребата од поголема вклученост на младите во волонтерски активности, а тоа е главната мотивација по трет  пат да ги поканиме младите да земат учество во проектот и преку серија обуки да научат за концептот на волонтирањето, да научат повеќе за тоа што е лидерство и тимска работа, да се стекнат со вештини за работа во тим за потоа тие самите, поделени во тимови, да иницираат промени во својата заедница. Нормално, во целиот тој процес Младите можат ќе бидат тие кои ќе бидат тука да ви помогнат, да ве поддржат и да го споделат своето искуство со вас.

Повикот е наменет за сите средношколци и студенти на возраст од 16 до 22 години, кои имаат мало искуство или воопшто немаат искуство во граѓански сектор и во спроведување на волонтерски акции.

Доколку си заинтересиран, пополни ја апликациската форма, која можеш да ја најдеш на следниов линк.

Рокот за аплицирање е 24.11.2015 до 23:59 часот. Затоа не губи време и испрати ја твојата апликација уште денес!

Еве што те очекува, доколку се пријавиш:

  • Прв модул: „Волонтерство и личен развој” 28 – 29 ноември
  • Втор модул: „Тимска работа и тимбилдинг вештини“ 12 – 13 декември
  • Трет модул: „Детектирање проблеми и планирање на иницијативи“ 19 – 20 декември
  • Четврти модул: „Имплементирање на волонтерски иницијативи “декември – март 2016

Успехот се чини дека е поврзан со акција, па затоа пријави се и подготви се за акција која позитивно ќе влијае на твојата заедница. Направи промена, биди волонтер!

Повик за сите самоиницијативни средношколци од Скопје, Куманово и Велес |Thirrje për të gjithë nxënësit vetëiniciativ

logo partneri

Ако си средношколец, ако нешто ти пречи, ако сакаш да видиш промена и сакаш да бидеш дел од промената, продолжи да читаш!

mima_final_rabСтудентската организација „Излез“ во партнерство со „Младите можат“, „ХЕРА“ и „ЦИД“ го спроведуваат проектот „Млади информирани, млади активирани!“ во чии рамки ќе се одржат 3 последователни обуки на темите:

  • Обука: Работа во заедницата и идентификување на локални проблеми, 21 – 22. 11
  • Обука: Тимска работа и лидерствo, 28 – 29.11
  • Обука: Имплементирање на локална иницијатива, проектно планирање, 05 – 06.12

По завршувањето на обуките, следува процес на имплементирање на иницијатива, во периодот 07. 12. 2015 – 07.03.2016

 

Доколку си средношколец од Скопје, Велес или Куманово, доколку си расположен да придонесеш за развојот на заедницата со продлабочување на своите знаења преку неформално образование, доколку сакаш да поминуваш време и споделуваш искуства со млади ентузијасти, пополни ја апликацијата на следниот линк, најдоцна до 15.11.2015 (недела).

По завршувањето на обуките, учесниците, поделени во две групи, во период од два месеца, ќе спроведат иницијативи насочени кон решавање на општествени проблеми, кои тие самите ќе ги детектираат за време на обуките.

На секоја група ќе ѝ биде доделен ментор кој ќе има задача да дава поддршка, помош и совет во текот на процесот на имплементирање на иницијативите.

Обуките и спроведувањето на иницијативите ќе бидат во Скопје, Велес и Куманово

„Млади информирани, млади активирани!“ е партнерски проект на Студентската организација ИЗЛЕЗ, ЗГ Младите Можат – Скопје, Асоцијација за здравствена едукација и истражување ХЕРА и Центар за меѓукултурен дијалог  – ЦИД. Проектот се спроведува во рамки на Проектот на УСАИД за граѓанско општество, кој го реализира Фондацијата Отворено oпштество – Македонија.

Доколку имате потреба од дополнителни информации, обратете се кај:

Стефан Александар Јовановски, [email protected], 071 216 820 и/или кај

Симона Младеновска, [email protected], 077 965 565,

Илија Станковски, [email protected],mk, 078 204 814

Nëse je nxënës në shkollë të mesme nga Shkupi, Velesi ose Kumanova, nëse je i disponuar të kontribuosh në zhvillimin e komunitetit duke u pasuruar me dituri përmes edukimit joformal, nëse do të kalosh kohë duke shkëmbyer përvoja me entuziastë të rinj, atëherë kjo thirrje është ideale për ty!

Organizata Studentore IZLEZ në partneritet me “Mlladite mozhat”, HERA dhe CID e implementojnë projektin: Të rinj të informuar, të rinj aktiv! Në kuadër të të cilit do të mbahen 3 trajnime me tema:

  • Puna në komunitet dhe identifikimi i problemeve lokale, 21-22.11
  • Puna ekipore dhe lidershipi, 28-29.11
  • Implementimi i iniciativës lokale, planifikim i projektit, 05-06.12

Pas përfundimit të trajnimeve, vijon proces i implementimit të iniciativës në periudhën 07.12.2015 – 07.03.2016

Pas përfundimit të trajnimeve, nxënësit, të ndarë në dy grupe, në periudhë prej dy muajsh, do të implementojnë iniciativa të drejtuara kah zgjidhja e problemeve shoqërore, të cilat ata vetë i kanë detektuar.

Secilit grup do të ketë mentorin e vetë i cili do të ketë për detyrë të jetë mbështetje, ndihmë dhe këshillë gjatë procesit të realizimit të iniciativave.

Pas realizimit të iniciativave të gjithsej 8 ekipeve nga Shkupi, Velesi dhe Kumanova do të realizohet garë për zgjedhje të iniciativës më së miri të menduar dhe implementuar. Ekipi fitues do të shpërblehet me dhurata të vlefshme!

Afati për aplikim: 15.11.2015 (e diel).

Formulari për aplikim dhe informata shtesë mund të gjesh në vegëzën në vijim

“Të rinj të informuar, të rinj aktiv!” është projekt në partneritet mes Organizatës Studentore IZLEZ, SHQ Mlladite mozhat, Asociacionit për Edukim dhe Hulumtim Shëndetësor dhe Qendrës për Dialog Ndërkulturor – CID.

Projekti implementohet në kuadër të Projektit të USAID për shoqëri civile, të cilin e realizon Fondacioni Shoqëri e Hapur – Maqedoni.

Kontakt:

Stefan Aleksandar Jovanovski, [email protected], 071 216 820 и/или кај

Simona Mladenovska, [email protected], 077 965 565,

Ilija Stankovski, [email protected],mk, 078 204 814

 

logo USAID logo FOOM

Повик за учество: Вклучи се, препознај, делувај! | Thirrje për pjesëmarrje: Inkuadrohu, njif, vepro!

PosterВклучи се во општествениот живот,
Препознај општествен предизвик,
Делувај во твојата заедница!

 

Младите можат, Фондација Конрад Аденауер и Здружение Мултикултура, започнаа со имплементирање на проектот „Вклучи се, препознај, делувај!“ и во Тетово. Проектот има за цел да ги прошири вредностите на ЕУ и да ги запознае младите со неформално образование, младинско учество и волонтеризам.

Повикот за учество е отворен за сите ученици во средните училишта во Тетово, кои се со желба да работат на себе и да придонесат кон заедницата.

20 средношколци ќе имаат можност да посетат четиридневна обука, која ќе се одржи на 19-20 септември и 03-04 октомври, каде ќе научат повеќе за волонтерството и придобивките од волонтирањето, ќе научат како да детектираат проблем во својата заедница и како да спроведат иницијатива за негово решавање. На обуките ќе се користат неформални методи на учење, кои вклучуваат игри, дискусии и интеракција на учесниците.

По завршувањето на обуката, учесниците, поделени во две групи, во период од два месеца, ќе спроведат иницијативи насочени кон решавање на општествени проблеми, кои тие самите ќе ги детектираат за време на обуката. На секоја група ќе и биде доделен ментор кој ќе има за задача да дава поддршка, помош и совет во текот на процесот на имплементирање на иницијативите.

Сите заинтересирани ученици, можат да се пријават за учество во проектот, испраќајки го своето име, презиме, години и накратко својата мотивација за учество во проектот на [email protected], со наслов на меилот „Вклучи се, препознај, делувај!“, најдоцна до 11.09.2015 година.

Inkuadrohu në jetën shoqërore,
Poster_vkluci seNjih sfidë shoqërore,
Vepro në komunitetin tënd!

 

Youth can, Fondacioni Konrad Adenauer dhe Shoqata Multikultura, filluan me implementimin e projektit “Inkuadrohu, njif, vepro!” edhe në Tetovë. Projekti ka për qëllim që ti zgjerojë vlerat e UE-së dhe ti njohë të rinjtë me edukimin joformal, pjesëmarrjen rinore dhe vullnetarizmin.

Thirrja për pjesëmarrje është e hapur për të gjithë nxënësit e shkollave të mesme në Tetovë, të cilët kanë dëshirë të punojnë me vetveten dhe të kontribuojnë për shoqërinë.

20 nxënës të shkollave të mesme do të kenë mundësinë të vizitojnë këtë trajnim katërditor, i cili do të mbahet në datat 19-20 Shtator dhe 3-4 Tetor, ku do të mësojnë më shumë për vullnetarizmin dhe përfitimet nga vullnetarizmi, do të mësojnë si t`i zbulojnë problemet në komunitetin e tyre si dhe si të ndërmarrin iniciativa për zgjedhjen e të njejtave. Në trajnimet do të shfrytëzohen metoda joformale për të mësuar, të cilat përfshijnë loja, diskutime dhe interaksione të nxënësve.

Pas mbarimit të trajnimit, pjesëmarrësit, të ndarë në dy grupe, në periudhën prej 2 muajsh, do të zbatojnë iniciativa që synojnë zgjidhjen e problemeve shoqërore, të cilat do ti zbulojnë vetë gjatë kohës së trajnimit. Secilit grup do ti jepet mentor, i cili do të ketë për detyrë të jap përkrahje, ndihmë dhe këshilla gjatë procesit të implementimit të iniciativave.

Të gjithë nxënësit e interesuar, mund të paraqiten për pjesëmarrje në projekt, duke dërguar emrin, mbiemrin, vitet dhe në formë të shkurtër motivimin e tyre për pjesëmarrje në projekt në [email protected], me titull të e-mailit “Inkuadrohu, njif, vepro!”, më së vonti deri më 11.09.2015.

Повик за учество на обука за пишување на апликации за Еразмус+ проекти

Програмата за Неформално образование и волонтирање во рамките на Младите можат организира дводневна обука за членовите на Младите можат за пишување на апликации за Еразмус + проекти, која ќе се одржи на 6 септември во канцелариите на Младите можат и на 7 септември во Гем клубот, Менада.

Учесниците на обуката ќе се запознаат со целиот концепт на пишување на проект за Еразмус + програмата, од развивање на идеја до пишување на апликација.

Како follow-up на оваа обука следува работа во групи до крајот на септември кадешто учесниците ќе го применат стекнатото знаење во пракса.

Присуството на работните групи е задолжително! Исто така, потребно е кандидатите да имаат добро познавање на англиски јазик.

Доколку сте заинтересирани да научите како се пишува квалитетна апликација и сакате да се приклучите на тимот на Младие можат кој што ќе продолжи да работи на ова поле тогаш пополнете го овој краток прашалник.