[ПОВИК] Младински лидерски иницијативи

final_liderski2.1Лидер е оној кој го знае, го оди и го покажува патот“

Младите можат втора година по ред го реализира проектот„МЛАДИНСКИ ЛИДЕРСКИ ИНИЦИЈАТИВИ“ со поддршка од Цивика Мобилитас(Проект на Швајцарската агенција за соработка и развој (СДЦ), претставен од Швајцарската амбасада во Република Македонија кој го спроведуваат НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Шведскиот институт за јавна администрација (СИПУ)), Швајцарски национален младински совет и во соработка со SEED Швајцарија и Институт за индивидувален и организациски развој Симбиотка.

Проектот има за цел  да ги инспирира младите луѓе од Македонија да бидат свесни за својот лидерски потенцијал и да бидат активни чинители во демократското општество. Проектот, исто така  им нуди можност да се стекнат со вештини за својот личен развој, да го развиваат својот лидерски потенцијал, да научат да работат успешно во тим и да остварат позитивна промена во заедницата.

Проектот е поделен на две фази:

Седумдневен лидерски камп:

Кампот ќе се одржи од 5 до 11 мај на Пониква, Осогово. 20 млади луѓе од цела Македонија ќе имаат можност да земат учество во кампот каде со помош на веќе докажани и успешни тренери ќе ја имаат можноста да го развиваат својот лидерски потенцијал и да стекнат познавања за младинско учество и активизам. Програмата вклучува рефлексии и самоевалуација, инидивидуална и групна работа преку која учесниците ќе се стекнат со лидерски вештини (проектен менаџмент, комуникациски и презентациски вештини, детектирање на проблеми), а истите ќе можат да ги применат решавајќи поставени предизвици.

Во улога на главен предавач на кампот е Д-р Лазар Ѓуров, еден од основачите на Младите можат, Претседател на СИМБИОТИКА, професор по лидерство на Воената академија, професор по Интерперсонални деловни вештини на БАС, консултант и обучувач по лидерство во многу познати македонски компании.

Сите трошоци поврзани со кампот (сместување, превоз, храна) ќе бидат покриени од страна на организаторот.

Реализација на 3 лидерски иницијативи:

За време на кампот учесниците ќе се поделат на три групи и  во рок од три месеци (јуни, јули, август) ќе работат на имплементирање на иницијативи на претходно идентификуван општествен предизвик. Во текот на овие три месеци, учесниците ќе имаат прилика директно да ги применат стекнатите вештини и да влијаат кон подобрување на општеството.

Секој од тимовите ќе добие свој ментор кој ќе им биде поддршка при целиот процес на планирање и спроведување на иницијативите.

Повикот е наменет за:

  • Млади лидери на возраст 17-22 години, кои се подготвени да работат на својот личен развој и да придонесат за позитивни промени во заедницатач;
  • За време на периодот на имплементирање на иницијативите, се очекува од учесниците да живеат или престојуваат во Скопје

Рокот за аплицирање е до 20.04.2016 (23:59).

Сите заинтересирани да испратат CV и пополнета апликациска форма на [email protected]

ВАЖНО: Избраните учесници потребно е да платат паричен надоместок од 900 денари за учество во проектот.

За повеќе информации слободно контактирајте не.

Лице за контакт:
Марија Николоска

[email protected]

Повик: „Ослободи ја идејата и преземи акција!“

cover

Преку глава ти е од општествените проблеми? Мислиш дека е залудно што и да направиш? Си се обидел ли воопшто? Ослободи ја идејата и преземи акција!

Младите можат ги повикува сите младите од Македонија да поттикнат општествена промена преку учество на натпреварот ОСЛОБОДИ ЈА ИДЕЈАТА.

Што треба да направиш?

  • Состави тим од 3 до 5 млади ентузијасти на возраст од 16 до 26 години;
  • Дискутирајте за предизвиците во заедницата кои ве засегаат вас;
  • Предложете решение;
  • Направете план преку кој ќе делувате при решавање на проблемот во однос на некоја од следниве области:
    • Образование и култура
    • Развој на граѓанско општество
    • Толеранција и недискриминација
    • Младински политики и граѓански права
    • Животна средина
    • Миграции
    • Вработување

Како да се пријавиш?

Преку пополнување на пријавата најдоцна до 20.03.2016, 23:59 часот.

Пријавата за учество можете да ја најдете на следниов линк.

По истекување на рокот за пријавување, 5те тима со најрелевантна, најиновативна и најизводлива идеја ќе продолжат во наредната фаза од проектот, при што ќе добијат поддршка за развој на идејата преку остварување менторски средби и консултации.

Во текот на месец април, на отворен настан, избраните 5 тима ќе имаат можност да ја презентираат својата идеја за иницијатива и да ја убедат публиката и жири-комисијата за потребата за решавање на проблемот и креативноста на понуденото решение. Притоа ќе се гласа за најдобрата идеја, водејќи сметка за:

  • Релевантност на идејата;
  • Иновативност на идејата;
  • Изводливост на идејата.

Победничкиот тим ќе добие поддршка од Младите можат за имплементирање на иницијативата и наградно патување за целиот тим.

Тимот на иницијатива изработи посебно видео. Видеото ќе ти даде насоки како да поднесете подобар предлог за решавање на општествениот предизвик.

За дополнилни информации обратете се кај Анита Николовска на:

[email protected]

078 313 931

Make a change: Be a VOLUNTEER! Vol. 3

Untitled-1sss copyПоради вербата во волонтерството, како алатка за поттикнување на општествени промени и личен развој, Младите можат, по трет пат ви го најавуваат проектот „Make a change: Be a VOLUNTEER! Vol. 3”.

Целта на проектот е јакнење на заедницата преку вклучување на млади луѓе во процесот на волонтирање. Претходните искуства со овој проект ни ја покажаа потребата од поголема вклученост на младите во волонтерски активности, а тоа е главната мотивација по трет  пат да ги поканиме младите да земат учество во проектот и преку серија обуки да научат за концептот на волонтирањето, да научат повеќе за тоа што е лидерство и тимска работа, да се стекнат со вештини за работа во тим за потоа тие самите, поделени во тимови, да иницираат промени во својата заедница. Нормално, во целиот тој процес Младите можат ќе бидат тие кои ќе бидат тука да ви помогнат, да ве поддржат и да го споделат своето искуство со вас.

Повикот е наменет за сите средношколци и студенти на возраст од 16 до 22 години, кои имаат мало искуство или воопшто немаат искуство во граѓански сектор и во спроведување на волонтерски акции.

Доколку си заинтересиран, пополни ја апликациската форма, која можеш да ја најдеш на следниов линк.

Рокот за аплицирање е 24.11.2015 до 23:59 часот. Затоа не губи време и испрати ја твојата апликација уште денес!

Еве што те очекува, доколку се пријавиш:

  • Прв модул: „Волонтерство и личен развој” 28 – 29 ноември
  • Втор модул: „Тимска работа и тимбилдинг вештини“ 12 – 13 декември
  • Трет модул: „Детектирање проблеми и планирање на иницијативи“ 19 – 20 декември
  • Четврти модул: „Имплементирање на волонтерски иницијативи “декември – март 2016

Успехот се чини дека е поврзан со акција, па затоа пријави се и подготви се за акција која позитивно ќе влијае на твојата заедница. Направи промена, биди волонтер!

Започна реализирањето на проектот „Зајакнување на училишната заедница во СУГС Никола Карев”

Poster GeorgiМладите можат во соработка со Фондација Конрад Аденауер започна со реализирање на првиот пилот проект од ваков вид кој има за цел да ја зајакне постоечките Училишни заедница на средните училишта Никола Карев и Георги Димитров во Скопје.
 
Преку проектот, учениците од заедницата ќе бидат поттикнати самите да креираат функционален и оддржлив модел на училишен совет целосно воден од учениците кој потоа ќе може да се реплицира во останатите училишта низ земјава.
 
Проектот ќе биде поделен во три фази:
  • Првата фаза ќе опфати градење на капацитети на 25 ученици кои ќе поминат низ серија од три модули на следниве теми: младинско учество, младински активизам, лобирање, застапување, модели за носење на одлуки итн.
  • Втората фаза ќе опфати 4 дневно стратешко планирање каде што учениците ќе можат креираат сопствен модел за функционирање на училишната заедница.
  • Третата фаза ќе опфати консултативни средби со сите засегнати страни во училиштето и процес на селекција на ново раководство.
Главната потреба за реализирање на проектот е непостоењето на стуктурурирани форми за вклучување на учениците во процесите на донесување на одлуки, каде што во ниту едно средно училиште го нема ова регулирано со своите статути, а само неколку средни училишта во земјата имаат неформални структури на средношколско организирање.

Стартува проектот Млади информирани, млади активирани!

dsds foom


Млади информирани, млади активирани! е партнерски проект на Студентската организација ИЗЛЕЗ, ЗГ Младите Можат – Скопје, Асоцијација за здравствена едукација и истражување ХЕРА и Центар за меѓукултурен дијалог  – ЦИД. Проектот е финансиски поддржан од Фондацијата Отворено Општество Македонија – ФООМ преку проектот за граѓанско општество на USAID.

Овој проект во текот на 11 месеци ќе се бави со проблемот на информираноста кај средношколците. Проектот ќе им за цел да го зголеми/подобри нивото информираноста кај средношколците преку нивно вклучување во граѓански иницијативи.

Истиот е поделен во  неколку фази.
Фаза 1: детектирање на степенот на информираноста кај средношколците преку  спроведување на истражување во рок од 3 месеци.

Фаза 2: Градење на капацитетите на 16 младински работници, преку спроведување на два тренинга за ментори и десиминатори.

Фаза 3: Информирање на 2880 средношколци од 12 средни училишта во град Скопје, општина Велес и Куманово за граѓанскиот сектор и начинот на вклучување во истиот преку 144 информативни  сесии. Сесиите ќе бидат спроведувани од обучените 8 дисеминатори.

Фаза 4: Градење на капацитетите на 80 средношколци за теми поврзани со младински  активизам преку спроведување на 12 работни викенди на кои се учат вештини за детектирање на проблеми и спроведување на иницијативи;

Фаза 5: Поттикнување на  80 средношколци да преземат општествени акции преку иницирање на 8 иницијативи директно водени од средношколците, во соработка со ментори.

Фаза 6: Организирање на јавен настан за доделување на награди за тимот со спроведена најдобра иницијатива.

Проектот е превидено да заврши на 01.04.2016 г.

Лице за контакт:

Стефан Александар Јовановски

071 216 820

[email protected]