Градење и зајакнување на капацитетите на постоечката Училишна заедница на СУГС “Никола Карев”

Младинското учество не е цел сама по себе, туку начин за остварување на позитивни промени во животите на младите луѓе за подобро општество”

Во периодот септември-ноември 2015 година, „Младите можат” и „Фондација Конрад Аденауер”, во соработка со СУГС Никола Карев го спроведе првиот пилот-проект за зајакнување и градење на капацитетите на постоечката Училишна заедница на гимназијата „Никола Карев” во Скопје. Потребата за овој проект потекнува од слабото и неструктурирано ниво на средношколското организирање и учество во процесите на носење одлуки.

Целта на проектот е да се поттикнат учениците самите да развијат функционален и одржлив модел на Училишна заедница предводена од самите нив, која ќе послужи како модел за останатите средни училишта во државата.

Во овој проект учествуваа 25 ученици претставници на Училишната заедница.
Учениците како дел од овој проект поминаа низ три фази.

Првата фаза опфати три дводневни обуки.

  • МОДУЛ 1 – “Младинско учество и младински политики” 02 и 03 октомври
  • МОДУЛ 2 – “Застапување и лобирање” 09 и 10 октомви
  • МОДУЛ 3 – “Симулација за функционирање на Училишната заедница” 30 и 31 октомври

Преку трите модули учесниците можеа да научат: како учеството влијае врз младите и општеството; колку се младите вклучени во општествениот живот во Македонија и како функционираат училишните заедници во Македонија но дискутираа за процесите на носење на одлуки во учелиштето. Преку интерактивни предавања и дискусии се стекнаа со вештини за лобирање и застапување, преговарање, аргументирање и подготвување барање за на крајот одблизу да се запознаат со начинот на функционирање на УЗ и неговата поставеност во однос на другите засегати страни во училиштето.

Втората фаза се одвиваше од 13-16 ноември во хотел Срна – Маврово. Беше организиран завршниот настан во рамките на овој прв пилот проект-стратешко планирање на Училишната заедница.
Низ 4 дневни интензивни сесии кои опфатија индивидуална и групна работа, учениците креираа предлог модел за целокупното функционирање на Училишната заедница, кој опфати: дефинирана визија; дефинирана мисија; приоритети на делување; цели на делување; процедури за работа и акциски план.

Во третата фаза, учесниците остваруваат консултативни средби со сите засегнати страни, односно: директорката и помошник директорката на училиштето, наставничкиот совет и учениците на СУГС Никола Карев, за негово финализирање.
Се на се, овој проект за средношколците претставува едно огромно искуство од кое стекнаа и научија многу вештини и знаење кои ќе им користат како во нивната Училишна заедница, така и во понатамошниот живот.

Проектот имаше огромно влијание врз самите учесници. За тоа говорат и нивните изјави:

“Научивме дека понекогаш колку и да е тешко, ако сме доволно упорни и сложни, секоја наша замисла, цел , потреба , визија , мисија не е неостварлива , научивме дека препреките се дел од патот кон успехот , и дека токму тие ни ги покажуваат нашите недостатоци и посочуваат каде треба да се подобриме, за на самиот крај со насмевка на лицето слободно отфрлувајки ги сите наши стравови да кажеме дека сме успеале во она што силно сме го посакувале.”

“Преку одржаните модули, симулации, обуки, совети сфативме колкав потенцијал и енергија се крие во самите нас. Иако на моменти можеби беше исцрпувачки и напорно , стекнатото искуство и знаење е непроценливо.”

“Беше многу интересно, едукативно, стекнав огромно искуство и ми даде инспирација за да се приклучам и во други вакви настани. “

„Од визија и мисија до акциски план, многу продуктивно и корисно искуство како во рамките на училиштето, така и за секојдневните предизвици, проследено со одлична дружба, и напорна работа.“

“Преку пронаоѓање на вистинскиот пат, со правилни одлуки и соработка, применувајки го сето ова знаeње, ние ќе бидеме оние кои ќе бидат победници, ние ќе бидеме оние чие мислење ќе допре до ушите на училишните служби и пошироко, ние ќе бидеме оние кои директно ќе влијаат врз одлуките во училиштето кој ги чувствуваме на сопствена кожа, ние ќе бидеме оние кои ќе направат позитивни промени во училиштето и надвор од него. Бидејки ние можеме!”

Играта продолжува понатаму..

Младите можат се приклучи на националната кампања организирана од Ассоцијацијата Greener и Македонската платформа против сиромаштија за собирање на користени играчки за деца кои се социјално загрозени.

На 19ти декември 2012 во организација на Младите можат се одржа отворен ден каде секој граѓанин можеше да ги донира своите играчки за оние на кои им се најмногу потребни.. децата.

Оваа иницијатива докажа дека младите се грижат за своите врсници кои донираа повеќе од 50 играчки за радоста на децата.

Исто така, имаше и многу пораки за Среќна Нова Година.

БАКЛАВА ДЕН

Една од стратешките цели на Младите можат е да промовира меѓукултурно разбирање и да го зајакне интеретничкиот дијалог кај младите во Македонија.

На 21 август Младите можат во соработка со Лука Лидершик го организираа Баклава ден под мотото “Пријателството е слатко” со цел да принесе кон подобар дијалог помеѓу различни етнички заедници.

baklava

Како YES програмата го збогати мојот живот?

Ако имате шанса да живеете една година во прекрасно Американско семејство, со различни вредности и навики од вашите, дали би прифатиле? Ако имате шанса да стекнете долгогодишни пријатели кои се растени и живеат во поразлична средина од вашата, дали би прифатиле? Ако имате шанса да научите како да бидете сам свој човек и лидер на 16 или 17 години, дали би прифатиле? Ако имате шанса да го живеете The American Dream, дали би прифатиле? Секако дека ДА! Јас прифатив и во ниту еден момент не се покајав. Kennedy Lugar Youth Exchange and Study (YES) програмата ми го овозможи ова и многу повеќе.

Со свои неполни 16 години, аплицирав за оваа целосна стипендија без имајќи никаква претстава дека јас не само што аплицирам за стипендија, туку за промена на мојот дотогашен живот. Кога дознав дека ја добив стипендијата, не можев на нозе да се додржам. Одам во Америка!

10704923_10203810815564647_1680121465_n-500x248
Се качив на првиот авион во мојот живот и одлетав, заедно со уште 11 исплашени, но возбудени души. Кога стигнав воДетроит, што да видам.. седум луѓе ме чекаа со знак “Welcome home Kiki!” (уште си го чувам постерот). Овие седум луѓе беа мое семејство во тие 10 месеци, но се уште се и ќе останат мое семејство каде и да сум.Илјада зборови да напишам за тоа колку е убаво човек што не ве познавал до вчера, денес се грижи како да сте негово дете нема да ја доловам вистинската суштина – тоа е нешто што мора да се почувствува на своја кожа.

 

10668426_10203810815684650_1987465492_n-467x350

Прв школски ден? Жолто автобусче баш како на филмовите. Училиштето? Со метални шкафчиња со комбинации. Учениците? Седнуваш на ручек и ти си ѕвезда, сите ги интересира од каде си, колку години имаш, во каков град живееш, дали има деца што одат со камили на училиште (да, да, и вакви прашања има кога ќе кажеш дека живееш во топлата Македонија), имаш ли пристап до интернет. Можеби се смеете читајќи ги прашањава, но мене ми беше огромно задоволство да ги одговорам овие и останатите интересни прашања. Зашто? Стануваш дел од нив и тие дел од тебе.

 

 

Денес, со 19 години, јас дефинитивно можам да кажам дека YES програмата е најмногу заслужна за мојот досегашен личен и професионален развој. Станав независна, решителна, посамоуверена млада девојка која не само што има прекрасно семејство и пријатели преку барата, туку и ширум светот!

Да можам, би напишала безброј страници за моето искуство во Америка, но сето тоа би било само мое лично искуство. Искрено се надевам дека ова мало текстче ве насмевна и заинтересира. Ако е така, разгледајте го флаерот подолу и направете го првиот чекор да се збогатите со неверојатно искуство кое дефинитивно ќе ви го промени животот.

Не заборавајте, вие сте креатори на вашето искуство, па направете го добро :)

Автор: Кристина Илиевска, член на Извршниот одбор на Младите можат

10681490_10203810816084660_1907724076_n-247x350

Младите можат упатува поддршка за вториот Студентски Марш

Студентск10847938_1569306923299591_6450479221411443392_n-247x350и Пленум ги повикува сите млади да се приклат на вториот по ред Студентски Марш кој ќе се одржи утре, на 10.12 (среда) со почеток во 12:00 часот. Целта на маршот е да се покаже незадоволството кон новите предлог реформи за високо образование и истиот, како што велат организаторите, е наднационален, надетнички, надрелигиски и непартиски, па поради тоа се апелира присутните да се воздржат од истакнување на национални и партиски симболи. Маршот започнува од платото на УКИМ, а ќе продолжи по неколку скопски улици и булевари, упатувајќи се кон Собранието и Владата.

Младите можат, како поддржувачи на идејата да се чуе мислењето на студентите и истите да се вклучат во процесот на носење одлуки кои нив ги засегаат, ги повикува младите да се приклучат кон маршот и да го изразат својот став или поддршка кон оваа иницијатива. Ги поттикнуваме младите луѓе да земат активно учество во маршот и да го употребат како моќна алатка за искажување на незадоволство и насочување кон промени во однос на положбата на студентите во Македонија.

Младите можат замислува општество каде што младите луѓе не се само иднината на Македонија, туку и лидери на сегашноста.

5-1-500x185

Апел до нашите членови, нивните врсници, другари, колеги и сите млади во Македонија

6-300x225По повод убиството на младиот Ангел П. и граѓанските немири кои се јавија како реакција на истото, и на кои на жалост сведочиме во изминатите денови Здружението на граѓани „Младите Можат“ ја користи приликата да изрази жалење за изгубениот млад живот, да упати сочуство до семејството и блиските на младиот Ангел , но и да ги повика младите да не учествуваат во настани кои вклучуваат насилство и да не учествуваат во говори на омраза. …

Како организација која е создадена од и за млади луѓе, апелираме на прекин на насилствата затоа што цврсто веруваме дека насилството само вродува насилство и му штети на општествениот дијалог.

 

Ние отсекогаш сме работеле и ќе работиме на градењето на здрава младина која верува во заедничка иднина и соработува во градењето на демократско општество. Нашите минати и тековни проекти обдинуваат многу млади од различни заедници и сакаме да испратиме порака дека постојат млади во Македонија кои имаат заедничка визија и кои силно ја осудуваат моменталната ситуација. Во прилог ви доставувавме слики од нашите членови со нивни пораки за македонскиот граѓанин.

 

1-300x2254-300x225

На крај, би сакале да нагласиме дека драги млади, драги сограѓани, ние сме убедени дека сега е моментот кога не смееме да си дозволиме трагичното убиство на еден млад човек да ескалира во меѓуетничка тензија и да сруши многу мостови кои зедно ги градевме и ќе ги градиме.
Да го спречиме насилството да продолжи. Младите можат, младите сакаат да живеат заедно.

MM-300x290