Тајниот успех – според мене е истрајноста да се успее во нашата зацртана цел и да се надминат сите препреки и конкуренција како и креативноста и оригниалноста на целиот тим на Да Научиме

– Интервју со Сања Апостолоска, основач на Данаучиме.мк (http://danaucime.mk/)
 

Sanja-232x300

1.Кој беше изворот на испирација за оваа идеа, од каде потекна?

Ќе бидам искрена и ќе кажам дека идејата за реализирање на целиот прокет, додје сосема случајно. По вокација сум филолог – италијанист и веќе 8 години сум дел од образовниот сектор, каде ги следам постојано проблемите со кои се соочуваат оние кои се дел од овој сектор. Идејата е родена од алтруизам, да се помогне на оние 13 проценти невработени филолози полесно да најдат работа.

2.Како започна реализацијата на вашата идеjа?

Идејата се реализираше со креирање на интернет сајт и создавање на бесплатна платформа на која ќе можат да се зачленат сите оние кои имаат искуство во подучување и полесно да дојдат до ученици.Започнавме со промоција на таа платформа и наидовме на неочекуван интерес кој ни даде стимул за кратко време да го реалзираме и вториот дел од прокетот Да Научиме односно младинската картичка за попусти и поволности. Следеше еден долг период од организирање на интереесни настани со цел младите во Македонија да дознаат за овој за нив добар производ. Во јуни 2013 година го започнавме прокетот Грид Образование на агрeгаторот Грид.мк како и Еду Магазин.

3. Каков беше патот до успехот, имавте ли многу предизвици додека се развивавте, постои ли некој таен зачин за успех и кој е тој според вас?

Убаво е чуството кога знаеш дека си направил нешто кое од една страна помогнало на многу млади во Македонија било да најдат дополнителна работа, било да се едуцираат и кое за кратко време станал бренд кој е препознатлив. За да можеш во Македонија да пласираш нешто ново е навистина тешко. Патот до успехот си има свои убави страни но и како што велат е полн со трња. Од самиот старт Да Научиме имаше еден предизвик – да стане препознатив и пред се’ корисен бренд, А тајниот успех – според мене е истрајноста да се успее во нашата зацртана цел и да се  надминат сите препреки и конкуренција како  и креативноста и оригниалноста на целиот тим на Да Научиме.

EDU-KARTA1-300x204

4. Дали пренесувањето искуство од уста на уста е главен медиум за промовирање  на „ Да научиме“?

Најдобрата промоција според мене ( од искуство) е кога имаш директен контакт со твојата посакувана таргет група. Да Научиме својата најголема промоција ја доживеа на сите настани и случувања кои ги организираше минатата година, каде посетителите на лице место можеа да видат за што поточно станува збор а и да се запознаат со нас.

5. Која мисла би ја издвоиле како мото кое го симболизира „ Да научиме“?

Кој чита Еду Магазин сигурно знае J Едуцирајте се со Еду Магазин, купувајте паметно со Еду Картичка и учете од Да Научиме.

6. Велите дека не посредувате и не одлучувате при изборот ниту наметнувате вашe мислење при избор на подучувач. Можете ли да ни кажете нешто повеќе за тоа?

Не посредуваме и не одлучуаме при избор на подучувач. Секој оној кој се регистрра на Да Научиме е рамноправен со останаите за сега 700тини подучувачи. Сите оние кои се регистираат на Да Научиме ги советуваме да го потполнат убаво нивното портфолио, да одредат цена која е прифатлива за стандардот во Р. Македонија и да чекаат да ги контактира некој. Редоследот на подучувачите во одредена област за која се пријавиле секојдневно се менува. Оној кој денес бил последен утре е прв итн итн.

7.  Како функционира целата таа алка од комуникација со подучувачите и учениците, има ли предизвици и какви се искуствата на учениците?

Да Научиме е само платформа односно база на подучувачи кои даваат часови по одредени области. Како што напоменав, не посредуваме, но се трудиме нашите подучувачи да бидат во тек со сите новитети на Да Научиме. Честопати добиваме повратни меилови од задоволни подучувачи кои не’ известуваат дека ги добиле посакуваните ученици. Според онаа секојдневна анализа која ја вршиме на нашиот портал, можеме да заклучиме дека платформата е доста развиена и дека ученицте ја користата како база за пронаоѓање на подучувач.

Edukarta-300x198

8.Како херој во оваа успешна приказна, дали се согласувате дека ваквите претприемачки предизвици се ослободени од конформизмот кој не турка напред и унапредува?

Да, се согласувам. Според мене, за да успееш некаде и за да бидеш приметен од страна на општреството мораш да бидеш антиконформистички насторен, до некаде. Многу ми е мило, што младите во Македонија, полека но сигурно се ослободуваат од стегите на конформизмот.

9. Што научивте од целото искуство со „Да научиме“?

Од Да Научиме..научив многу работи J Прво научив дека и да сметаш дека правилно ги правиш работите во животот, секогаш ќе се најде некој кој ќе има различни сфаќања од тебе. Научив дека ако навистина сакаш да успееш со сопствен бизнис во Македонија, треба да имаш преголема желба, силен мотив и да се бориш и соочиш со секојдневниито и најважно научив дека во бизнисот емоциите треба да се стават на страна, да се размислува со мозок а не со срце.

10. Во која насока се движат вашите планови за во иднината со „Да научиме“, реализиравте ли се што сакавте или има простор за уште?

Да Научиме допрва трба да се покаже во вистинско светло на македонскиот пазар. Во проектот Да Научиме се уште 2 мини прокети кои наскоро ќе се престават пред јавноста. Прокетот е креативен и нуди многу можности за надополнување и развој. И би сакала да ги повикам сите млади, кои се сметаат за комуникативни и креативни да ни се придружат и да станат дел од нашит тим.

Филип Митрески – Зошто ЕВС?

download (1)Филип Митрески е ЕВС волонтер на Младите можат кој е моментално на долгорочен волонтерски престој во Бугарија.

Зошто се одлучи да одиш на ЕВС?

Многу луѓе ме прашуваат зошто го избра ЕВС кога имаш високо образование, имаш познавање од  доста области, имаш некои си работни искуства зошто да работиш доброволно. Баш затоа што имам доста познавања и искуства зошто да не ги споделам со други луѓе кои имаат желба да научат нешто, некои од тие луѓе и не се запознати дека постои ЕВС програма и немаат можност да запознаат луѓе од други држави затоа сме ние тука и со сето тоа учиме нови култури , запознаваме нови луѓе, стекнуваме нови навики, учиме нови јазици, се забавуваме ,се осамостојуваме, патуваме и што уште не. ЕВС-от е можност која може да се искористи еднаш во животот или двапати доколку се избере еден краток период  до два месеци и потоа еден долг период  до 10 месеци и е многу убава можност за сите кои сеуште не одлучиле што навистина сакаат да прават во животот да ја искористат таа програма во која можат да си одберат проект од нивната област или па од некоја сосем различна област на интереси за да пробаат нешто ново.

Која е всушност твојата улога за време на ЕВС престојот?

Тоа секогаш ми било најтешко да го одговорам затоа што тука работам толку многу нешта дури ми е тешко да ги набројам сите. Работам на организација на настани, административна работа во канцеларијата, промоција на ЕВС програмата во Ловеч и во околината, правење на презентации за екологија во училиштата, обука на идни ЕВС волонтери (Pre DepartureTraining), работа со лица со пречки во развојот и доста други работи. Нешто интересно е дека јас никогаш во животот не сум работел со деца сум мислел дека тоа за мене би било многу тешко, но откако дојдов тука и сум педагог во едно училиште, правам  разни кампови со деца, разни игри со деца сфатив дека не сум толку лош и во тоа и дека работата со деца е интересна и убава и просто некогаш  кога работиш со нив и ти самиот се чувствуваш како дете и не мислиш на никакви проблеми и други работи од реалниот свет па може тоа во иднина ќе ме насочи да продолжам да работам со деца.

 

Која е главната лекција/искуство кое го научи од твојот престој?

Во мојот веќе 5 месечен престој тука за мене најважно беше искуството да живеам без финансиска подршка downloadод моите родители, сам да ги извршувам домашните обврски, да се научам да ги планирам и распределувам парите а не само да ги трошам тие кои сум ги добил од семејството. Во ЕВС програмата има два тренинзи организирани од националната агенција во кои се запознаваш со сите ЕВС волонтери кои се моментално во државата во која се наоѓаш и јас на тие тренинзи имав можност да запознаам луѓе од околу 20 различни држави и тоа е едно одлично искуство кое ќе го паметам целиот живот.

Колку е важно волонтирањето за младиот човек?

Јас лично сметам дека волонтирањето е многу важно за младите луѓе затоа што со тоа тие се надградуваат себеси, добиваат самодоверба, амбиции , се социлијазираат, учат нови нешта и со тоа што често се наоѓаат во различни ситуации почнуваат да знаат што навистина сакаат да прават во животот.Самото искуство да запознаваш луѓе од различни култури е прекрасно и воедно и од едукативен карактер се запознаваш со други начини на живот, други типови на размислување, други обичаи , имаш можност да научиш некои нови традиционални танци, посебно интересно е кога пробуваш некои традиционални алхохоли од другите држави (хаххахах).

 

Дали сметаш дека се стекна со вештини кои ќе ти помогнат во твоето идно вработување?

downloadОвој ЕВС исто така беше важен за мене затоа што се стекнав со некои знаења кои можеби ќе ми бидат од корист во идното вработување како на пример искуство во работа со деца како што напоменав претходно, го совладав многу добро бугарскиот јазик, ги подобрив моите менаџерски способности (менаџмент со човечки ресурси), стекнав нови искуства со организирање на настани од различен тип како конференции, работилници и т.н. , имав нови искуства како тренер на некои работилници и како предавач во училиште. Затоа на сите млади сакаат да стекнат искуство во им препорачувам да пробаат да аплицираат за некој ЕВС проект од областа во која сакаат да стекнат искуство и преку забава, запознавање многу луѓе воедно ќе го стекнат тоа искуство кое потоа можат да го искористат за вработување во иднина. Како доказ за тоа искуство кога ќе заврши ЕВС проектот ќе добијат  “Youth Pass”  тоа е сертификат за неформална едукација во кој се вметнати сите “нешта” кои сте ги научиле.

 

*ЕВС е програмата на Европската комисија која овозможува престој на млади лица до 30 години во некоја од Европските земји во период од 2-12 месеци. Повеќе информации за програмата и можностите посетете го следниот линк.

Интервју со Лазар Ѓуров – еден од основачите на Младите можат

1. Од каде произлезе идејата за основање на Младите можат?

1-21-270x365Ееее…
(Ова развлечено „ееее“ читајте го како привична реакција на задоволство, како кога ќе прашате некој чичко во поодминати години за старите и добри времиња) :)
Шега на страна, идејата за формирање на Младите МОЖАТ, како и секоја идеја која успеала да „фати здрав корен“ дојде како заедничка реакција на една група на прекрасни (тогаш помлади) луѓе кои не се согласуваа со начинот на кој функционираа младинските невладини организации во тоа време. Секој од нас имаше различни искуства од членувањето во различни организации кои воглавно ни беа помалку или повеќе разочарувачки. Незадоволството произлегуваше од преголемиот фокус кон проекти и финансии а губење на суштината за постоењето на организацијата, потоа поради наметнување на личните недоразбирања над организацискиот интерес, преголем фокус кон лична промоција, задоволување на лични кариерни цели, одлучување во затворени кругови без вклучување на членството и сл. Како вчера се сеќавам (и ова беше како да ви збори некој стар чичко :)) на еден заеднички разговор со Нина (Павловска), еден сончев ден, седнати на масите надвор во кафулето пред Спортскиот центар ФОРЦА. И двајцата до тогаш бевме инволирани во активности на неколку организации и тој ден разговаравме колку работи не ни се допаѓаат и колку посакуваме да биде различно. Така се отвори една дилема – Вреди ли да се трудиш да промениш нешто во веќе постоечка организација која веќе има свој начин на работа и избрани раководни лица и тела? Практично освестивме дека било какви добронамерни обиди за креирање на промена, всушност создаваат конфликти и перцепција дека ти се бориш за позиција а не за принципи и поинаков начин на функционирање. И низ разговорот дојдовме да јасен и недвосмислен заклучок, дека ние всушност треба да почнеме нешто ново, нешто што ќе се формира со нова енергија, со чиста и јасна идеја и визија, нешто што ќе биде поставено на здрави темели. За мене тој разговор беше моментот кога Младите МОЖАТ од внатрешно чувство на незадоволство од моменталната реалност се претвори во план за креирање на организација која ќе биде се само не она поради што истата се формира.

Знаете, има моменти кога ви е потполно јасно дека ја донесувате вистинската одлука. Тоа беше еден од тие моменти. Веднаш потоа, направивме листа на луѓе кои се „заразени“ со истиот „вирус“.

Многу брзо групата на основачи се собра. Оливер Ѓориќ, Мартин Гавриловиќ, Роска Врговска, Димитар Луневски – Чипо, Бојана Стојменовска, Дејан Докузовски, Нина Павловска (која после основањето долго време успешно ја водеше организацијата) и јас бевме луѓето кои ги реализираат подготовките и формално ја основавме Младите МОЖАТ. И тогаш и сега, знам дека ова се луѓе кои ја живеат идејата за вистински промени во нашето општество. Дел од нив можеби не се повеќе активни во Младите МОЖАТ, но без да проверам знам дека тие дејствуваат за позитивна промена во општеството, тоа се луѓе кои ги сакаат младите, веруваат во нив и ја користат секоја прилика да го помогнат нивните развој и да предизвикаат позитивна промена! Во оваа група морам да спомнам и други членови на претходни и сегашни извршни и контролни одбори, како и активни членови на организицијата. Луѓето без кои Младите МОЖАТ немаше да порасне и да стане тоа што е денес несомнено се Жане Касаповска, Ирина Јаневска, Ивана Стефанова, Миралем Јукиќ, Сихан Саитов, Дениз Османи, Орхан Асан, Ана Пискачева, Софија Цали,  Ѓорѓе Жариќ, Игор Јордановски, Горан Папаз, Славица Папазовска…и уште многу луѓе за чии имиња во моментот не може да се сетам.

 

2. На кого му текна идејата за името?

Гордо :) можам да истакнам дека кумот на Младите МОЖАТ сум јас! :)
Уште од самиот почеток, низ потполно демократска процедура, сите основачи доставивме предлози за JPEG-Image-2857799-300x225можните имиња на новата организација. Имаше доста предлози. Од такви кои и даваа посериозен карактер на организацијата (пример институт, коалиција и сл) до предлози кои беа чисто идеја за креативно име. Мислам дека пресудно беше тоа што овој предлог во целост ја отсликуваше причината за организацијата. Како восклик кон реалноста која не опкружуваше…ЛУЃЕ МЛАДИТЕ МОЖАТ!!! Верувајте во тоа. Ние ќе ви докажеме дека ова е вистина! Додека го пишувам ова, во мене се буди истата силна енергија и ентузијазам со кој ја основавме оваа наша прекрасна организација.

 

3. Колку години беше активен член на ММ и дали денес учествуваш на состаноците или си дел од некој проект?

Од основањето до пред отприлика 2 години (ако не се лажам) бев потпреседател на организацијата а потоа и член на Извршниот одбор. Во моментот не сум дел од некоја активност, бидејќи сум зафатен со професионални обврски, но се трудам повремено да бидам дел од некои планирачки состаноци. Годишните собранија никогаш не ги испуштам бидејќи на нив секој формален член би требало да присуствува за да може да се информира за се што се правело во претходната година а и да учествува во креирањето на тимот и плановите за следната година.
JPEG-Image-2865926-300x199Воедно, имав прилика да бидам дел од обучувачите во проектот “Emplo-Youth-Ability” за подобрување на капацитетите за вработување на младите членови на нашата организацијата, кој сметам дека беше фантастичен проект и би било супер доколку актуелното раководство на организацијата успее да обезбеди средства за овој тип на активности течат во континуитет.
Конечно, еве пред некој ден договоривме да одржам обука за Извршниот одбор на тема Мотивација. Што покажува дека иако не сум целосно вклучен во се, Младите МОЖАТ е повремено дел од моите активности.

 

4. Што работиш денес ?

Откако ги завршив моите докторски студии на Економскиот факултет на УКИМ во областа на организациските науки и манаџмент во научното поле Лидерството и личниот и организацискиот развој, јас сега работам како универзитетски професор на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ Скопје, придружна членка на Универзитетот „Гоце Делчев“ Штип. Вклучен сум во наставата на младите питомци, идни офицери на нашата армија. Покрај тоа, во рамките на Инситутот за индивидуален и организациски развој СИМБИОТИКА континуирано реализирам обуки за личен и организациски развој. Тука морам да напоменам дека голем дел од вештините, знаењето и способностите кои ми помогнале да стигнам до тоа што сум денес, сум ги стекнал или ми се започнале процеси за себе развој токму преку активности во невладинито сектор од кој наголема улога има токму Младите МОЖАТ. Моето раководење со организациајта, како потпреседател, во еден период кога Нина (која беше претседател) беше отсутна од Македонија, ми помогна да научам многу за тимската работа, за практичната примена на лидерството и менаџментот, за личниот развој на себе и другите…тоа се драгоцени искуства кои не можат да се добијат на ниту едно друго место. Тука имаш луѓе со иста идеја и ти како лидер на тимот, работиш заеднички да постигнете одредена цел. Изгледа едноставно, но кој не пробал тој не знае колку е тоа комплексно и сложено. Но, на крајот ќе сфатиш дека вредело!. Затоа ги охрабрувам сите сегачни членови на ММ да се пријавуваат, да бидат активни, да „гризат“, да излезат од кругот на партиско обоеното секојдневие и да работат на својот развој. Така долгорочно ќе создаат квалитети кои пазарот на труд а и животот ќе ги препознае и награди.

JPEG-Image-2858986-300x199

5. Дали имаш некој посебен проект што ти е драг и при срце?

Хм…незнам дали ќе ви звучи како клише, но навистина сите активности кои сум ги правел во Младите МОЖАТ ми се длабоко во срцето. Од најобичните состаноци и меѓусебни разговори до конкретни настани кои се случувале. Ќе ме прашате зошто? Па затоа што ништо не било обично и неважно. Еве пред некој ден Роска која сега е на студии во Сараево во чет комуникација ми сподели дека еден наш заеднички муабет додека сме се враќале од состанок накај дома е нешто на што често се сеќава, бидејќи и дал многу силен поттик да разреши одредени внатрешни и надворешни ситуации.

Едноставно не постоеле обични и посебни настани. Секој емаил беше пишуван и украсуван со многу љубов и ентузијазам…па бои, па смешковци, па мотивирачки пораки…се со цел да го разбудиме ентузијазмот кај нашите членови и да поверуваат дека Младите МОЖАТ.
Еве на пример, Маршот за мир и ненасилство. Ми се чини дека Бојана ја донесе идејата на состанок на Извршен одбор и веднаш се нафативме да учествуваме, но клучниот момент беше дека тоа мора да биде нешто суштинско не реда ради…и замислете цврсто одлучивме маршутата по која ќе се движиме мора да ги поврзе двата брега на Вардар, Сметавме дека е лицемерно да зборуваме за марш за мир, во постконфликтна Македонија а да не поминеме низ Чаир и Бит Пазар како дел од градот во кој живее мнозинско албанско население и да ги поврземе со другата страна на градот каде живее во мнозинство македонско население. Да, и така се случи…мала група на младите луѓе, помогнати со членови на ромската организација АМБРЕЛА маршираа од едната страна на другата страна на Вардар. Мегафонот и транспарентот напред, сите со верба дека правиме нешто многу важно и суштинско чекориме извикувајќи пораки за мир. Некој ќе каже па никој не дознал за тоа, е па да, точно е не се дозна многу за таа маршута, бидејки тоа не беше медиумски проект, тоа немаше никаков буџет, немаше спонзори тоа беше една обична иницијатива на луѓе кои веруваат дека мирот е можен, дека суштината е важна и дека можеме да бидеме кокичиња на идниот заеднички соживот во мир и ненасилство. Успеавме ли? Незнам. Но знам дека сите сеуште се бориме, храбро, тивко и решително.

 

JPEG-Image-2870922-300x1996. Може ли да споделиш некоја интересна случка, настан или слично во врска со ММ? (било дали тоа се случило на некоја обука, тренинг, семинар или патување)

Како што претходно напоменав за мене секој настан беше посебно доживување. Ако морам да издвојам би издвоил некој „обични“ моменти. На пример кога Жане (Касаповска) ја организираше хуманитарката за собирање на алишта за луѓето без дом кој живеат под железничката. Се сеќавам колку беше лута што членовите на Извршниот одбор кој се најавиле дека ќе дојдат за средување на алиштата не се појавиле. Таа морала сама со уште двајца нови членови (од кои едниот бил Миралем) да ја средуваат целата облека. Морале да останат многу подолго од што било планирано и пропаднале сите планови кои биле на агендата. Жане доаѓа лута, ќе однесува оставка, тоа не е прифатливо, тоа е неорговорно. Во ред, се сложивме дека е неодговорно, се стабилизиравме и се договоривме на се поразговора за тоа на следниот состанок, без Жане да поднесува оставка и да си замине. Помина состанокот, се извлекоа поенти, тие што не дојдоа ја сфатија тежината на неодговорната постапка и се извинија на Жане, но јас имав чувство дека таа сеуште е лута. Поразговарав со неа на само и ми потврди дека навистина е лута но дека веројатно со тек на време ќе и помине. И така, поминаа ми се чини неколки месеци, дојде време за годишно собрание. И како што секогаш била, на самото собрание се предлагаат од членови на Извршен одбор до потпреседател и претседател, потполно демократски и транспарентно (навистина Младите МОЖАТ е позната по тоа што нема местенки за функции, туку членовите на собранието донесуваат одлуки врз основа на пријавените кандидати и личните убедувања). И на тоа собрание, Нина поднесува оставка од претседателска функција, бидејќи ќе биде подолго време отсутна од државата и се почнува постапка за номинирање на претседатели…и се номинираат луѓе, секој номинира кој мисли дека може да ја води ММ и одеднаш се јавива Миралем за збор, вика: Ја номинитам Жане за претседател на ММ!!! Еј…од каде сега ова? Ајде викаме како што е ред, образложи ни го предлогот. Миралем станува и почнува: Јас сум работел со сите вас, но еднаш сум имал прилика да работам со Жане, за хуманитарната акција. Тоа што го видов таму, нејзината упорност, решителност и одлучност да остане до касно и сами да диплиме пакуваме и преместуваме пакети ми покажува дека Жане има лавовско срце и потполно стојам на тоа дека таа може и треба да биде идниот пресетател на ММ! Лицето на Жане во тој момент е нешто што ќе го памтам цел живот. Очите и се насолзуваат од возбуда, лице и светнува од изненаденост! Никогаш не можеше да претпостави колку силен впечаток му оставила на Миралем. Мислам дека во тие моменти Жане сфати дека таа МОЖЕ! Дека во неа има многу повеќе сила и решителност од што и самата во тој период мислеше дека има. Таа потоа поради лични обврски не ја прифати кандидатурата, но препознавањето на лидерот во неа од друг член е настанот кој јас го паметам и со радост се потсетувам. Таквите мали но огромни моменти во Младите МОЖАТ имало многи, тоа е она поради што таа не е обична организација.

JPEG-Image-2868021-199x300

7. Дали си во добри односи со останатите основачи на ММ?

Да! Со сите. И многу сум среќен поради тоа.

Точно, имаше моменти и кога излегуваа конфликти, посебно на почетокот, кога имаше обиди да се прелеат некакви претходни недоразбирања, но многу решително ги направивме неопходните чекори за да ја одржиме организацијата „чиста“ од внатре, без ширење на „зла крв“ и инволвирање на лични несогласувања во фунционирањето на Организацијата.
Јас безкрајно се радувам кога ќе сретнам некој од претходните или сегашните постави на Извршнито одбор но и поактивни членови на ММ. Некако имам чувство дека тоа се луѓе од моето потесно семејство. Луѓе кои ми се посебно драги и со кои лесно се разбираме и си ги наоѓаме темите за муабет и во кои потајно го има ентузијазмот дека работите можат да бидат подобри и дека решението е во развојна промена кај младите од нашата земја.

Тука сакам да напоменам дека ММ поминувала и низ тешки периоди. Но, што е, тука е. Животот носи предизвици, од секој од нас бара да бидеме подготвени да ги прифатиме грешките, да ги проучиме, да извлечеме поенти и научени лекции и од целата ситуацијта да излеземе посилни и помудри. Верувам дека секоја еветуална грешка е направена ненамерно, поради неискуство или не знаење….бидејќи ММ е сепак младинска организација која ја воделе и ја водат млади луѓе кои сеуште учат како да менаџираат и водат. Но, среќен сум без разлика на сите предизвици,раководствата на организаицјата успеаа да ја задржат организацијата „на шини“. Воедно, искрено се надевам дека сите инволвирани во евентуалните конфликти успеале или ќе успеат да си ги извлечат поентите и да продолжиме заеднички да работите на големата мисија. Младите можат од самите почетоци била организација која била спремна да греши и да учи од грешките. Бидејќи ако некој ви каже дека не греши, тој или ништо не прави или е толку самобендисан што не може да ги види дел од грешките кои ги прави.

JPEG-Image-2877990-300x199

8. Кога би бил на пуст оствров кои би биле трите работи кои би ги понел со тебе? :)

:) Мојата вереница Мирјана, крема за сончање и мобилен телефон за да си викеме превоз кога ќе ни здосади и ќе сакаме да одиме на гости кај некого :)

 

9. Дали ти недостасува ММ?

Не! Бидејќи нам ни недостасуваат работи кој повеќе не се со нас.

А Младите МОЖАТ никогаш не престанала да биде дел од мене.

доц. д-р Лазар Ѓуров
еден од основачите и прв потпреседател на Младите МОЖАТ
сега Претседател на Институтот за индивидуален и организациски развој СИМБИОТИКА

Интевјуто го направи:
Ангелина Марковска – член на Младите можат

„Имајте отворен ум кон се што ве интересира“ – Интервју со Сандра Костадинова, дипломиран професор по англиски јазик

Младите навистина можат.

Започнуваме со серија на интервјуа со млади луѓе кои потекнуваат од Македонија, но во моментов студираат и/или работат надвор од земјата. Тие ќе ги споделат нивните искуства, како стигнале до Универзитетите и работните места ширум светот, колкави се можностите за младите од Македонија, каков е студентскиот живот во земјата во која се во моментот, како и колку е важна вклученоста во граѓанскиот сектор и искуството стекнато во него во процесот на аплицирање за работа или студии во странство.

Прва за разговор е Сандра Костадинова, дипломиран професор по англиски јазик, член на Младите можат, а во моментов студент на Магистерски студии во Данска.

1.Како се реши да аплицираш за да одиш на размена во друга држава, поточно, прв пат во Соединетите Американски Држави?

1979747_10151990834247479_1279410413_n-300x225

Тогаш студирав Англиски јазик и книжевност на филолошкиот факултет “Блаже Конески” во Скопје, и сакав одредено време да поминам во место каде што се говори англискиот јазик за да се стекнам со практика, но сакав тоа да го сторам во академска средина. Стипендијата која тогаш ја доделуваше Институт отворено општество – Њујорк беше совршена за такво нешто. Процесот на апликација беше доста напорен и нешто со кое што се сретнав за прв пат. Не дозволував да бидам обесхрабрена ниту од преголемите барања, ниту пак од преголемата конкуренција, и за среќа ја добив стипендијата за да студирам една година на Универзитетот во Остин, Тексас. Исто така оваа програма опфаќаше не само имерзија во академската средина во САД туку и во општествениот живот, со цел да видиме како живеат просечните луѓе и да помогнеме да се решат одредени проблеми во местата во коишто живеевме. Како и во секоја поголема одлука во животот, внатрешната мотивација и желбата за себе-актуелизација имаше најголем удел во решението да студирам во странство

2. Потоа, отиде да работиш во Русија. Какво искуство носиш од таму?

Во склоп на моите додипломски студии имав одреден дел на практична работа којашто требаше да ја исполнам и решив да го направам тоа преку летно стажирање преку платформата АИЕСЕК, и една приватна гимназија од Москва беше многу заинтересирана за мене како кандидат и ми понуди добри услови, иако Русија не беше земјата во која што сакав да стажирам. Соработката од тој стаж прерасна во двегодишен работен договор со гимназијата. Работното искуство што го добив таму го зацементира патот по кој чекорам денес. Бев многу среќна да најдам работа на мојата струка уште во текот на студирањето и како млад професионалец со многу елан и задоволство се предадов на својата работа. Видов дека универзитетското образование, барем такво какво што е во моментов во Македонија ни оддалеку не не’ спрема за пазарот на труд и дека компетенциите кои ги имав стекнато со волонтирањето во невладини организации и учеството во многу семинари и конференции, беа тие што беа пресудни за успех во првите неколку месеци. Рускиот образовен систем е доста интересен, и поверсатилен во однос на македонскиот, беше привилегија да бидам дел од вработените во мојата гимназија, а тоа значи и дека бараше многу и од учителите и од учениците.

3. Во моментов си во Данска на постдипломски студии. Може да ни кажеш нешто повеќе за тоа. Што студираш таму, како отиде, каков е животот и образованието во најсреќната држава во светот – Данска, како и кои се можностите за студентска и културна размена, стажирање и продолжување на образованието и можностите за Македонците?

1981997_10151990834172479_1158952692_n-300x200

Моментално сум дел од програмата JoinEU-SEE која стипендира млади луѓе од Западот да студираат на Балканот и обратно, како редовен студент во Универзитетот Орхус. Во последната година од работата во Русија почнав да размислувам во која насока сакам да оди мојата кариера, и одлучив дека ми се потребни доквалификации. Програмата која ја студирам беше достапна во неколку универзитети во Скандинавија, Германија и Англија. Мило ми е што одлучив да дојдам во Данска, бидејќи е добро место да растеш академски и да соработуваш со професионалци од разни полиња. Постојат одредени стипендии за македонските студенти, како мојава, но и самите универзитети нудат финансиска помош, која им следува на данските студенти. Што се однесува до културната, па и студентска размена, Данска срдечно ги има отворено своите врати и е втора земја во светот, после САД, во привлекување на меѓународни професионални таленти, се’ со цел да се допринесе кон иновација, напредок и меѓународна мрежа на соработка.

4. За време на студиите во Македонија беше активна во граѓанскиот сектор, а сега си и Youth Goodwill Ambassador во Данска. Што значи тоа и какво искуство имаш од овие воншколски активности?

Воншколските активности отсекогаш биле моја омилена активност, бидејќи тоа е местото каде се чувствував доволно храбра да дадам свое мислење и да имам чувство дека тоа мислење допринесува кон нешто поголемо. Како по традиција, активирањето во граѓанскиот сектор продолжи и тука. Аплицирав да станам дел од Корпусот на младински амбасадори на добра волја на Данска, каде што 350 млади луѓе од преку 20 земји во светот работиме кон тоа да создадеме мрежа на луѓе кои не само си помагаат да напредуваат во данското општество и да се надградуваат, но и да најдеме начин како тоа да го доближиме до нашите родни земји, како да оствариме соработка меѓу нив и Данска, и како да им презентираме можности на младите за културна, но и студентска размена. Toa го постигнуваме преку организирање на настани од различен карактер, како на пример Вечер на данска култура кој што се случи неодамна во соработка со Универзитетот “Гоце Делчев” во Штип, и за информациите презентирани на овие настани ние сме претходно обучувани од дански и светски експерти по комуникација, поранешни министри, градоначалниците на градовите во коишто живееме, линкдин консултанти итн.

5. Совет за младите?

Мојот совет до младите е да имаат отворен ум кон се’ што ги интересира, да вложуваат безусловно во секој талент и интерес, бидејќи никогаш не се знае каква прилика ги чека. Можеби звучи и премногу идеалистички, но навистина верувам дека секој треба да го пронајде тоа што сака да го прави и да го усоврши, а подоцна и да најде начин како да го претвори во професионална определба.

1794763_10151990834382479_980014071_n-300x200