6-300x225

Апел до нашите членови, нивните врсници, другари, колеги и сите млади во Македонија

6-300x225По повод убиството на младиот Ангел П. и граѓанските немири кои се јавија како реакција на истото, и на кои на жалост сведочиме во изминатите денови Здружението на граѓани „Младите Можат“ ја користи приликата да изрази жалење за изгубениот млад живот, да упати сочуство до семејството и блиските на младиот Ангел , но и да ги повика младите да не учествуваат во настани кои вклучуваат насилство и да не учествуваат во говори на омраза. …

Како организација која е создадена од и за млади луѓе, апелираме на прекин на насилствата затоа што цврсто веруваме дека насилството само вродува насилство и му штети на општествениот дијалог.

 

Ние отсекогаш сме работеле и ќе работиме на градењето на здрава младина која верува во заедничка иднина и соработува во градењето на демократско општество. Нашите минати и тековни проекти обдинуваат многу млади од различни заедници и сакаме да испратиме порака дека постојат млади во Македонија кои имаат заедничка визија и кои силно ја осудуваат моменталната ситуација. Во прилог ви доставувавме слики од нашите членови со нивни пораки за македонскиот граѓанин.

 

1-300x2254-300x225

На крај, би сакале да нагласиме дека драги млади, драги сограѓани, ние сме убедени дека сега е моментот кога не смееме да си дозволиме трагичното убиство на еден млад човек да ескалира во меѓуетничка тензија и да сруши многу мостови кои зедно ги градевме и ќе ги градиме.
Да го спречиме насилството да продолжи. Младите можат, младите сакаат да живеат заедно.

MM-300x290