30 минути до експлозија!

Gradski_park_Skopje_08

„Токсична материја” мистериозно се појавува во градскиот парк (парк Франкофонија). Опасноста е се поголема, а времето се пократко!

Биди и ти дел од “специјалната единица” која ќе го спаси паркот од експлозија. Искористи ја својата храброст, креативност и упорност бидејќи твојата улога ќе има голем придонес за спасување на паркот.

Пријави се и стани дел од тимот на „специјалната единица” кој има задача да ја пренесе „токсичната материја” на безбедно.

Ти преку оваа игра ќе имаш можност да се запознаеш со еден од начините преку кои ќе можеш да научиш корисни вештини и да се стекнеш со нови искуства и познанства.  Преку оваа игра ќе научиш за тимска работа, комунукациски вештини, лидерство и доверба.

ПРИЈАВИ СЕ И ТИ ЗА ЕДНОЧАСОВЕН ТИМСКИ ПРЕДИЗВИК НА СЛЕДНИОВ ЛИНК!

Пријавувањето изврши го најдоцна до 23 ЈУНИ (23:59)

Локација: Парк Франкофонија (Градски Парк)

Ден: 25 ЈУНИ (сабота)

Време: 18:00 часот

Овој настан е организиран од Здружение на граѓани МЛАДИТЕ МОЖАТ преку проектот: Младински лидерски иницијативи со поддршка на Цивика Мобилитас.

За дополнителни информации, слободно пишете ни на [email protected] или на нашата Фејсбук фан страница.

1 одговори

Trackbacks & Pingbacks

  1. […] Заинтересираните можат да се пријават на следниот линк. […]

Коментарите не се овозможени.