Повик за Заменик Извршен директор

Младите можат распишува повик за Заменик Извршен директор, како дел од Извршната канцеларија на организацијата

Заменик Извршниот директор ги има следниве задачи:

  • Асистира на Извршниот директор во раководење на извршната канцеларија
  • Одговорен е за изработка на месечен календар на активности на Младите можат
  • Одговорен е за административната документација во рамки на работењето на организацијата
  • Дава предлози и мислења за зголемена организираност на извршната канцеларија
  • Извршува задачи делегирани од Извршниот директор
  • Одговорен е за подготовка на состаноците на Извршната канцеларија
  • Асистира во креирање на буџетот на организацијата
  • Заедно со Извршниот директор дава насоки за подобрување на програмите и активностите на организацијата
  • Поднесува месечен извештај за својата работа до Извршниот директор на организацијата
  • Остварува редовна комуникација со членовите на Извршната канцеларија

Кандидатите за оваа позиција потребно е да ги исполнуваат следниве услови:

  • Минимум едногодишно искуство во младинска организација
  • Минимум едногодишно   искуство   со   планирање,   подготвување   и   спроведување   на   младинскипроекти и имплементирање на акции;
  • Искуство во креирање на стратешки, годишни и акциски планови на младинска организација;
  • Запознаеност со младинските прашања и потреби во земјата;
  • Познавање на англиски јазик во пишана и говорена форма;
  • Комуникациски вештини и вештини за лобирање;
  • Способност за индивидуална работа и работа во тим.

Сите заинтересирани кандидати, кои ги исполнуваат горенаведените услови, потребно е да ја испратат својата кратка биографија, заедно со мотивациско писмо најдоцна до 10 јули 2017, на mladitemozat@gmail.com со наслов „Апликација за Заменик Генерален секретар“.

*НАПОМЕНА: Функцијата Заменик Генерален секретар е на волонтерска основа и за истата не е предвиден паричен надомест.