Младински лидерски иницијативи

Целта на проектот е да се поттикнат младите луѓе во Македонија да бидат свесни за својот лидерски потенцијал, да станат активни граѓани во својата заедница, да детектираат предизвици во истите и преку здружено делување да креираат акции за нивно решавање и подобрување на општеството.

Фази на проектот:

  1. 7 дневен Лидерски камп (23-29 април 2015 година)-интензивна програма наменета за 20 млади луѓе на возраст од 17 до 22 години која опфати индивидуални и групни сесии, лични и тимски вежби и предизвици, рефлексија и самоевалуација, како методи за развој на лидерски вештини.
  2. Спроведување на 3 младински иницијативи (мај-август)
  • Емоционално интелигентна младина-иницијатива за зголемување на свеста за улогата на емоционалната интелигенција во секојдневниот живот на младите луѓе.

-Спроведена анкета со 100 испитаници за запознаеноста со поимот

-Креиран фан-пејџ со над 1300 лајкови со објави на темата

-Организирање на штандови на 3 јавни локации за запознавање на посетителите со важноста од ЕИ

-Циклус од обуки на темата со опфат од 40 средношколци и студенти

  • Направи промена-иницијатива за подигнување на свеста за дискриминација на децата со интелектуална попреченост.

-Работилници во 4 основни училишта за освестување на учениците за постоењето на дискриминација

-Јавен настан за зголемување на јавната свест за важноста од вклучувањето на децата со попреченост во сите сфери од секојдневниот живот.

  • Правно исправни-иницијатива за зголемување на свеста за граѓанските права кај младите во Македонија

-Креирано видео за промоција на важноста на граѓанските права

-Одржана обука на 20 млади луѓе за презентациски вештини и фасилитација

 

Проектот е реализиран во соработка со СИМБИОТИКА-Институт за индивидуален и организациски развој, SEED Швајцарија и со поддршка од Швајцарски национален младински совет.

 

Изјави од учесници:

„Целиот проект ми ја зголеми самодовербата, затоа што ако порано бев личност која не би помислила дека може да реализира некој проект, овој пат заедно со целиот тим успеавме да направиме успешен настан со одличен резултат.”-Леонарда Трајковска

„Проектот ми го промени погледот кон општествениот активизам, го согледав значењето и важноста на активизмот во насока на подобрување на општеството. Ми даде до знаење дека и јас како индивидуа можам да постигнам позитивна промена”-Мартин Димоски