Младите можат е здружение на граѓани, формирано од млади за млади на 28 мај, 2009 година. Постоиме повеќе од 5 години и броиме над 600 членови кои придонесуваат во работата на организацијата.

Цели во кои веруваме и ги застапуваме се:

  • покревање на свеста кај младите луѓе за активно граѓанство
  • давање можности на младите луѓе за реализација на младински иницијативи и креативно изразување на нивните мислења и ставови
  • иницирање  на  личен  развој  на  младите  луѓе  преку  младинска  работа  и неформално образование
  • промоција на човекови права и слободи на младите луѓе

Зошто постоиме?

Постоиме за да им овозможиме на младите луѓе да станат активни, независни, способни и решителни граѓани кои веруваат дека  МОЖАТ самостојно или здружено да учествуваат и влијаат во позитивните промени и развојот во општеството.

Во што веруваме?

Веруваме дека младите луѓе можат да земат активно учество во развојот на своите заедници и преку младински и социјален активизам како моќни алатки за општествена промена  можат да одговорат на своите потреби во заедницата.

Структура на Младите можат

Структурата на Младите можат ја сочинуваат:

  1. Собрание на Младите можат, составено од сите членови со право на глас
  2. Управен одбор на Младите можат, составен од 3 члена
  3. Извршна канцеларија на Младите можат, составена од:
    • Изврешен директор
    • Заменик Извршен директор
    • Координатори за:
      • Членство
      • ПР и логистика
      • Комуникации и вмрежување